S-Work No.80 80 | Page 5

Џефрис го истакна неодамнешниот случај во кој полицијата резервирала хотелска соба и контактирала со сексуален работник за да дојде. Откако лицето пристигнало со својот партнер кој ја превезол со кола, и двајцата биле веднаш уапсени. Кејла Роуз, сексуален работник и активист за правата на сексуалните работници, вели дека има потреба од повеќе бордели за да се услужи побарувачката на сексуални услуги. „Постојат голем број пречки за отворање бордел, особено ако претходно сте биле осудувани за инволвирање во сексуалната работа. Исто така ви требаат стотици илјади долари за да можете да отворите бордел, секако кој ќе се наоѓа во ограничена зона со многу високи трошоци“, вели Роуз. Роуз исто така истакнува дека постојните закони и дозволува на полицијата во Квинсленд да се преправа дека се клиенти, да бара нелегални услуги од сексуалните работници, и потоа да ги уапси. „Тие нè апсат за работи како што се работење во парови, споделување на работни простории, споделување на режиските трошоци или користење на нашите телефони, правење резервација во хотел за друг сексуален работник, ако имаме личен возач и сл. Нашите основни безбедносни стратегии се нелегални. Сексуалните работници мора да изберат дали ќе работат законски, или ќе работат безбедно“, додава Роуз. Вики, сексуален работник од Азија потврдува дека полицијата има моќ врз сексуалните работници. „Многу е тешко за било кој азиски сексуален работник да ја убеди полицијата дека работиме самостојно, но тие не ни веруваат и не нè сакаат. Веруваат дека некој не контролира и често не бркаат од работните места“, додава таа. 5