S-Work No.80 80 | Page 10

Доколку целта е да се пристапи хумано и да се разберат луѓето кои се инволвирани во оваа професија, тогаш криминализацијата на побарувачката на сексуални услуги го прави токму спротивното, односно ги прави секусалните работници жртви. Вистината пак е далеку покомплицирана од тоа. Зошто погрешно се презентираат фактите за сексуалната работа? Хутан Хомејунпур, специјалист за принудна работа во МОТ, вели: „Сексуалната експлоатација, поради недостаток на подобар термин, е наречена „сексуална”. Ако барате трудова експлоатација, вели тој, ќе најдете безброј написи за модерното ропство кое вклучува сексуална експлотација, бидејќи тоа е типично поедноставна приказна за раскажување од трудова експлоатација во земјоделството, производството и услужните индустрии“. Според Роналд Вајцер, професор по социологија на Универзитетот Џорџ Вашингтон нема релевантни податоци за сексуалните работници и сексуалната работа. „Големината на примерокот обично е премала, бидејќи сексуалните работници се уште работат тајно и не се откриваат. Добивањето на добар примерок бара повеќе време и пари отколку што повеќето универзитетски истражувачи можат да си ги дозволат. Но, луѓето во секој случај сакаат одговори, добри или лоши, и поради присуството на стигмата врз сексуалната работа, постои поголема веројатност општеството да верува во лошо,“ вели Вајцер. 10