S-Work No.80 80 | Page 3

Со препознавање и признавање на сексуалната работа ќе се овозможи поголема социјална и правна заштита на сексуалните работници под покровителство на Законите за работни односи. Сите граѓани на Република Северна Македонија, вклучувајќи ги и сексуалните работници, имаат право на работнички права согласно Меѓународното право за заштита на човековите права. Сексуалните работници имаат право на работа, на слободен избор на работното место и на праведни и поволни работни услови и заштита од невработеност: Непрепознавањето на сексуалната работа како професија има негативни последици врз работните услови на сексуалните работници, со тоа што им се одбива заштитата која инаку ја имаат работниците со Законите за работни односи. Сексуалните работници треба да можат да ја одредуваат, без пречки или притисок од други, природата и условите на сексуалните услуги кои ги нудат. Сексуалните работници имаат право на безбедни и здрави работни места; затоа е потребно да имаат достапни точни и најнови информации за здравјето и безбедноста, независно дали се вработени некаде или се самовработени. Сите луѓе имаат право да се третираат со почит на нивното работно место и да не бидат сексуално малтретирани; работните места во сексуалната индустрија, како и сите други работни места, треба да промовираат почит и слобода од злоставување и малтретирање на сексуалните работници. Сексуалните работници треба да имаат право на еднакви социјални и други бенефиции кои произлегуваат од работниот однос, вклучувајќи и платено боледување, платено породилно и мајчинско боледување, празници и право на бенефиции при невработеност доколку нивниот работен однос се прекине, или доколку одлучат да ја напуштат сексуалната работа. На ниту една личност не треба да и се ограничи вработување или да биде отпушена од работа поради вклученост во сексуална работа. 3