1-ви мај - Меѓународен ден на трудот:
Сексуалната работа е слободен избор
на професија
1-ви мај - Меѓународниот ден на трудот е посветен на зачувување и унапредување на правата на
работниците низ целиот свет. Овој ден за првпат се одбележал во 1889 година во знак на почит
кон жртвите на работничкиот штрајк што се одржал од 1-ви до 4-ти мај 1886 год. во Чикаго. На овој
штрајк, организиран со цел да се воведе 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна
на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени пред
суд, од кои четворица од нив биле погубени.
Оттогаш, традиционално, на 1-ви мај секоја година во повеќе земји ширум светот, како и во
Република Северна Македонија, се одржуваат протести во знак на одбележување на
Меѓународниот ден на трудот.
СТАР-СТАР како Здружение на граѓани за поддршка на маргинализирани работници, се вклучува
во борбата за социјална правда и работнички права. СТАР-СТАР има една заедничка цел, а тоа е
унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Република Северна
Македонија.
Како последица од непрепознавањето на сексуалната работа како секоја друга работа,
нерегулирањето на законите кои ги таргетираат сексуалните работници во однос на нивните
работнички права, како и нееднаквиот третман на сексуалните работници ги поттикнува истите во
се поголем број да дадат поддршка во борбата за правата на работниците.
2