S-Work No.79 79 | Page 6

дека тие влегуваат во секс индустријата по свој сопствен избор или околности, и дека ако некој ја смета сексуалната работа како своја професија и начин на заработување, тогаш тоа не треба да претставува проблем. Сексуалните работници се игнорираат, нивните гласови воопшто не се слушаат. Додека сексуалната работа е стигматизирана и сексуалните работници се подложени на постојани закани дека нивните клиенти ќе бидат казнети и/или затворени - и се додека самите се соочуваат со истите казни – тоа само ја турка работата на маргинализираните луѓе се подлабоко во дупка, при тоа сексуалните работници, без разлика дали се цис или транс, продолжуваат да паѓаат низ пукнатините создадени од ова општество. Се додека постои овој систематски проблем околу транс луѓето, и се додека сексуалната работа е стигматизирана, критикувана и криминализирана, шансите за успех се многу мали. И кога сите оние со пари и моќ продолжуваат да се обидуваат да го одземат единствениот извор на приход на оваа маргиналзирана група, ги става во ризик сите сексуални работници. 6