Истражување на
стереотипите кај
трансродовите сексуални
Голем број трансродови лица се вклучени во сексуалната индустрија. Тие своите сексуални услуги ги
нудат на отворено, на улица или пак во затворени простории, во клубови, барови, апартмани или
хотели. Oттука, следи прашањето зошто се поголем број трансродови лица се вклучуваат во
сексуалната работа.
Трансродовите лица секојдневно се соочуваат со стигма и дискриминација од општеството. Истите се
соочуваат со невработеност и бездомништво и тоа се едни од причините поради кои трансродовите
лица започнуваат да работат како сексуални работници. Тие се вклучуваат во сексуалната индустрија
пред сè од социјален и економски аспект. Општеството има тенденција да ги гледа транс лицата преку
многу строги стереотипи. Секој што има чувство дека не припаѓа на полот со кој е роден, го сметаат за
„ненормален“, дури во некои ектремни случаи за „одвратен“. Поради дискриминацијата и стигмата со
која секојдневно се соочуваа оваа маргинализирана заедница, станува се потешко за трансродовите
лица да најдат работа. При тоа, постојат голем број луѓе кои го кријат својот транс статус со цел да ја
задржат својата работна позиција.
И покрај многубројните револуционерни протести на трансродовите лица во 21-от век ширум светот,
тие се уште се исклучени од општеството. Трансродовите лица се родово дискриминирани и се
исклучени од законите за еднакви права и заштита. Тие многу често се отфрлени од своите семејства,
партнери или пријатели и не ја добиваат потребната емоционална или финансиска поддршка.
Трансродовите лица се негативно претставени во општеството, особено во медиумите кои секогаш ги
претставуваат како нешто да не е во ред со нив. Многу често, медиумите ги сензационализираат транс
луѓето за поголем профит. Стигмата кон оваа маргинализирана група е многу поголема од стигмата
кон сексуалните работници. Поради тоа, трансродовите лица се потешко можат да најдат работа и
затоа се вклучуваат во секс индустријата.
Сепак, благодарение на неколку моќни транс жени како што се Џенет Мок, Лора Џејн Грејс, Лавер
Кокс и Кејтлин Џенер, стигмата околу трансродовите лица полека почнува да се намалува, но сепак
долг е патот до нејзиното целосно искоренување. Ова го потврди и Сабина Исца, транс-активистка и
сексуален работник во едно нејзино неодамнешно интервју:
„Во моментов, наоѓањето сигурна работа е тешко за многу луѓе. Но, добивам чувство дека многу
работодавци не дискриминираат само по основ на родов идентитет и сексуална ориентација, туку и
по боја, раса и вера. И лицата кои живеат со телесна и ментална попреченост се гледаат со презир
исто како и трансродовите луѓе. Дури ако вашиот работодавец е во ред со тоа што сте транс, можно е
колегите да не ве прифатат. Сепак јавноста останува непознат фактор во прифаќање на
трансродовите лица. Тешко е за транс лицата да работат во јавни институции особено на места како
училишта, градинки каде што се работи со деца, многу е веројатно да ве гледаат како сексуални
насилници. Да не ја заборавиме Луси Медоус која беше озогласена во медиумите поради тоа што
беше транс жена и учителка. Таа потоа изврши самоубиство“.
Трансродовите лица се наоѓаат во тешка ситуација кога станува збор за нивно вработување.
Медиумите и понатаму ги прикажуваат како насилници, со што пак се создава општо непријателско
мислење за оваа маргинализирана група. Сексуалната индустрија често е единствениот начин на
егзистенција за повеќето транс луѓе. Многубројни феминистички организации ги гледаат луѓето
инволвирани во сексуалната работа како луѓе кои треба да бидат „спасени“ – игнорирајќи го фактот
5