Неколку аргументи на една феминистка
за тоа како сексуалната работа може да
биде корисна за жените
Керол Леиг е сексуална работничка, феминистка и активистка на правата на сексуалните работници
и неодамна го има објавено нејзиниот есеј „Пронаоѓање на сексуалната работа“, во кој ја опишува
сексуалната работа како легитимна форма на работа.
„Сексуалната работа е работа во која претежно се вклучуваат жени. Жени кои се паметни и силни.
Жените можат да имаат корист од работата во секс индустријата, тие меѓусебно се поддржуваат и
градат пријателство.“
Керол, исто така, тврди дека сексуалната работа може да биде интересна и забавна. Таа го негира
митот дека работата во секс индустријата го уништува личното сексуално искуство и задоволство.
Таа вели дека откако почнала да дава сексуални услуги на своите клиенти, сексот во нејзиниот
личен живот станал многу повозбудлив. Со оваа изјава, таа го негира аргументот за тоа како
сексуалната работа го уништува личното сексуално задоволство.
Сексуалната работа може да биде добра кариера како за жените, така и за мажите. Постоењето на
сексуалната работа не е само од корист за оние кои се директно вклучени во неа, туку и за целото
општеството. Постоењето на отворен и достапен комерцијален секс ќе им овозможи на
поединците да ја изразат својата сексуалност и да ги остварат сексуалните желби. Иако, постојат
многу религиозни и патријархални верувања кои ги негираат бенефитите од сексуалната работа за
жените, сепак со оваа работа многу жени ја имаат можноста да ја истражуваат сопствената
сексуалност и секако добро да заработуваат од истата.
Постојат многу начини на кои сексуалната работа може да биде корисна за жените. Не постои
логична основа за аргументот дека сексуалната работа е нужно искористување на жените. Оттука,
голем број земји ја криминализираат работата, верувајќи дека на тој начин би ставиле крај на
експлотацијата. Денес, сексуалните работници се соочуваат со опасност од експлоатација само
затоа што сексуалната работа се криминализира и стигматизира во многу општества.
„Законите за криминализација на сексуалната
работа се застарени, непрактични и штетни како
за сексуалните работници, така и за клиентите“,
вели Керол.
Законите со кои се регулира сексуалната работа ги
спречува жените да имаат контрола врз
сопствените тела на ист начин како што тоа го
прават
законите
со
кои
се
регулираат
репродуктивните права.
„Верувам дека се додека жените се гонат
кривично за стоење на улица, свесни за својата
работа и сексуалност, при тоа не наштетувајќи на
никому, јас не можам да се чувствувам слободно“,
изјавува Леиг.
Правото на контрола на нашиот личен сексуален живот е од суштинско значење за феминизмот
како движење, исто како што е правото за контрола на нашата репродукција. Секој закон со кој се
негираат правата на жените за слободен избор и се скратуваат нивните можности е закон кој ги
етикетира жените и ги става под контрола на мажите. Време е феминистките насекаде низ светот
да ја препознаат потенцијалната вредност во сексуалната работа и да лобираат за промена на
начинот на кој сексуалната работа денес се перцепира во општеството.
7