S-Work No.78 78 | Page 5

Сексуалните работници како иницијатори на првите општествени движења низ целиот свет Сексуалните работници се неприфатени во општеството, а сепак многу малку знаат дека токму сексуалните работнци се тие кои ги создале први општествените движења низ целиот свет. Во средновековна Европа, сексуалните работници кои работеле во бордели, одвреме-навреме учествувале на штрајкови или улични протести, како реакција на затворањето на нивните работни места, или поради неприфаќање на лошите услови за работа. Во 15-иот век, голем број сексуални работници се собрале на масовен протест пред Градското собрание во Баварија барајќи ги своите права, при тоа истакнувајќи дека сексуалната работа е само работа, а не грев, како што повеќето ја сметале во тоа време. Една сексуална работничка изјавила за Times of London, во 1859 година: „Јас работам чесно и сакам да им се обратам на сите, вклуќувајќи ги и полицајците: Кои сте вие да расправате за моралот, знаете ли вие воопшто што е морал?“ Во далечната 1917 година, околу 200 сексуални работници марширале во Сан Франциско, протестирајќи против одлуката за затварање на борделите. Нивниот протестен марш бил наречен „Првиот женски марш“. Една од организаторите на маршот изјавила: „Скоро секоја од овие жени тука е мајка и се зависи од неа. Нема да постигнете ништо добро со тоа што не напаѓате, наместо тоа, зошто не почнете да работите на подобрување на лошите економски услови?“ 5