Право на слобода на движење
Сексуалните работници имаат право на слобода на движење и живеалиште.
Право на слобода од ропство и принудна работа
Сексуалните работници имаат право на слобода од ропство, принудна работа и слугување.
Право на еднаква заштита со Законот и заштита од дискриминација
Сексуалните работници имаат право на еднаква заштита со закон вклучувајќи и пристап до
ефективни лекови како и заштита против дискриминација и секакво поттикнување на
дискриминација.
Право на стапување во брак и основање семејство
Сексуалните работници имаат право да стапуваат во брак и основаат семејство.
Право на работа и праведни и поволни работни услови
Сексуалните работници имаат право на работа, на слободен избор на работното место и на
праведни и поволни работни услови и заштита од невработеност.
Право на мирни собири и здружување
Сексуалните работници имаат право на мирно собирање и здружување.
Право на напуштање и враќање во сопствената земја
Сексуалните работници имаат право да ја напуштат било која земја, вклучувајќи ја и својата и да се
вратат во неа.
Право на азил
Сексуалните работници имаат право да бараат азил и не смеат да бидат вратени во ситуации во кои
биле подложени на нехумано и понижувачко однесување или тортура.
Право на јавна вклученост
Сексуалните работници имаат право да учествуваат во културниот и јавниот живот на општеството.
4