Сексуалните работници имаат
право на живот, слобода и
сигурност
Одбележувањето на 3ти март, Меѓународен ден на правата на сексуалните работници датира
уште од 2001 година, кога над 25,000 сексуални работници успеале да се соберат на фестивал во
Индија и покрај напорите на одредени групи кои се обидувале да го спречат нивниот собир,
вршејќи притисок врз Владата да им ја одземат дозволата. Оттогаш, секоја година, заедници на
сексуални работници и организации за поддршка на сексуалните работници ширум светот го
одбележуваат 3-ти март како Меѓународен ден на правата на сексуалните работници.
Според Декларацијата на правата на сексуалните работници во Европа, секој сексуален работник/
чка треба да ги ужива правата од истата, односно да имаат:
Право на живот, слобода и сигурност
Сексуалните работници имаат право на живот, слобода и сигурност на личноста, вклучувајќи ја и
сексуална определба.
Право на приватност и семејство
Сексуалните работници имаат право да бидат слободни од арбитрарно мешање во нивниот
приватен живот, домот и семејството, како и од напади врз нивната чест и углед.
Право на здравје
Сексуалните работници, независно од нивниот статус на мигранти, имаат право на највисокиот
достижен стандард на физичко и ментално здравје, вклучувајќи и сексуално и репродуктивно
здравје.
3