Охрабрете ги транс
сексуалните работници, нема
потреба да ги жалите
ПАТАЈА, Тајланд - Во овој популарен град, познат по бурниот ноќен живот, блесоците од
електрични неонски светла се истакнуваат наспроти црното небо; звуците од баровите се толку
измешани што е невозможно да ги дешифрирате текстовите; мажите кои се борат со кобри прават
туристите да шетаат наоколу, видно изненадени и во исчекување да видат дали постои уште нешто
што би ги запрепастило.
Ова не е посебна ноќ во Патаја, град кој се наоѓа на околу два часа јужно од Бангкок. Ова е
секојдневие во овој град со околу 100,000 жители.
Сепак, има уште едно културно обележје што целосно го дефинира овој град, а тоа е областа со
црвените светла, позната по сексуалните работници кои ги нудат своите услуги на улица.
Патаја е само една од многуте локации каде што цвета сексуалната работа. Сексуалната работа во
Тајланд вработува околу 250,000 луѓе и носи годишни приходи од околу 6,4 милијарди долари, што
претставува 10% од БДП на Тајланд. Овие податоци се добиени преку Хавокскоп, база на податоци
која на јавноста им дава информации за глобалниот црн пазар.
Иако е нелегална, сексуалната работа е широко распространета и толерирана во оваа земја. Истата
игра значајна улога во развојот на економијата на Тајланд. Исто така, создава можности за некои од
маргинализираните групи, како што се трансродовите жени, кои честопати се нарекуваат женски
момчиња во Бангкок и во туристички области како Патаја.
8