Секако, не секој клиент е совршен. Некои од нив се далеку од тоа. Можам да споделам неколку
ужасни искуства со некои од моите клиенти кои не ги почитуваат правилата и границите кои ние
сексуалните работници ги поставуваме во нашата работа. Еднаш, еден клиент ми рече: „Треба да ми
ја кажеш твојата домашна адреса, ако дојдам кај тебе дома, тоа значи дека услугата треба да биде
бесплатна!"
Имам пријатели кои се борат да се справат со клиенти и бараат помош од обезбедувањето на
клубовите или полицијата да интервенираат во нивно име. Во тоа време бев бескрајно благодарна
да работам во држава каде сексуалната работа беше декриминализирана, така што полицијата
можеше да се контактира доколку сметаш дека ти е загрозена безбедноста.
Но, клиентите како овие, за среќа се многу ретки.
Поголемиот дел од клиентите кои посетуваат сексуални работници - без разлика дали посетуваат
стриптиз клубови, договараат приватни средби со сексуалните работници, или едноставно гледаат
некои добри, старомодни порно видеа - се нормални и просечни луѓе како мене и тебе.
Тие имаат работа, хоби, семејства и социјален живот, исто како и секој друг. Некои од нив имаат
смисла за хумор, а други пак се импресивно паметни. Многу од нив се одлични соговорници, други
пак грижливи и љубезни.
Оттука, произлегува прашањето: Зошто митот за клиентите продолжува да постои? Зошто мислиме
дека сите клиенти се „ненормални“? Верувам дека тоа е тежок стигматизам околу сексуалната работа
што се пренесува и врз нашите клиенти: некој што мисли дека сексуалните работници се неморални
и одвратни, истото го мисли и за луѓето кои плаќаат да трошат време со нас. Ваквиот став, според
моето мислење произлегува од присуството на страв. За некои луѓе тешко е да ја разберат
сексуалната работа, а за таквите разбирливо е дека се полни со страв и осуди.
Да бидеме искрени, сексуалните работници продаваат луксузна услуга. Иако за некои сме
неморални, сепак за многумина сме многу важни, неопходни, исто како храна, засолниште и вода.
Верувањето дека нашите клиенти се лоши луѓе не им штети само на нашите клиенти, туку и на
целата секс индустријата. Шведскиот модел, кој има за цел да се бори против трговијата со луѓе, со
криминализирање на купувањето на сексуални услуги, честопати има штетни последици врз
сексуалната работа.
Верувањето дека оние кои плаќаат за сексуални услуги заслужуваат да бидат третирани како
криминалци, додека оние што ги продаваат треба да ја променат својата професија, ја поттикнува
стигмата и дискриминацијата врз сексуалните работници, како и врз нашите клиенти.
Би сакала секој што гледа негативно на сексуалната работа да може да се сретне со некои од моите
подобри клиенти кои ги имав во текот на мојата работа. Да го запознае младиот човек кој поминал
неколку часа составувајќи листа на романтични песни пред да се сретне со мене, и кој ми даде
целосна релаксирачка масажа, да го запознае господинот кој секој пат кога ќе дојде во посета ми го
носи омиленото кафе, да го запознае добриот човек кој ми даде екстра пари да земам малку пауза од
работа откако раскинав со дечкото, да го запознае успешниот човек кој остана подолго и ми дозволи
да го прашувам за совети за важни работи во мојот живот.
7