S-Work No.77 77 | Page 6

Вистината за клиентите кои ги посетуваат сексуалните работници Чудаци, милионери, корисници на дрога - се она што повеќето луѓе го мислат кога ги замислуваат мажите кои плаќаат за секс. Но, сепак, сексуалните работници ја откриваат вистината за клиентите. Дел од нештата кои сексуалните работници постојано ги слушаат се: „Кое е твоето вистинско име?" и „Леле, се обложувам дека тука доаѓаа многу чудаци. Мора да сте навистина среќни да видите нормален човек како мене". Од каде луѓето ја добиваат идејата дека повеќето од нашите клиенти кои не посетуваат се „ненормални“? Медиумите ги претставуваат клиентите како луѓе кои сакаат само забава, како милионери кои плаќаат девојки како придружнички за викенд на своите јахти. Потоа, тука е начинот на кој сексуалните работници се претставени во медиумите со едната иста фотографија: рака се протега од прозорецот на автомобилот, а до него прикажани разголени нозе на некоја девојка. Ова е само погрешна претстава за тоа што всушност е сексуалната работа. Ние сме многу повеќе од само раздвоен пар чорапи стоејќи на некоја улица, а нашите клиенти, исто така, се повеќе од само раце кои мавтаат во темнината. 6