„Тука има многу транссексуални сексуални работници, кои ја работат оваа работа, бидејќи на тој
начин им е полесно да дојдат до пари“, вели Арис Сангхаром, 34-годишна транссексуална сексуална
работничка позната како Алис.
Алис работи во секс индустријата околу 10 години и горда е на својата професија. Вели дека
сексуалната работа ѝ дозволува да биде економски стабилна, исполнета и слободна личност.
„Ја сакам сексуалната работа, бидејќи тоа што го работам ме прави да се чувствувам добро", вели
таа. „Можам да го изберам човекот со кој сакам да работам. Од мене зависи. Можам да танцувам,
да пијам и да се опуштам".
Титијанун „Дои" Накпор, директорот на Sisters - Центар за трансродови сексуални работници,
организација која ги поддржува транссексуалните сексуални работници и им обезбедува соодветни
здравствени и социјални услуги вели дека Патаја служи како центар на сексуалниот туризам во
Тајланд. Од 5000 трансродови луѓе кои живеат во областа, околу 75 проценти се сексуални
работници. Повеќето од нив, според Накпор, се стигматизирани, се сметаат за заразни или пак за
насилни криминалци.
„Сексуалната работа е неприфатлива за тајландското општество, бидејќи е против конзервативниот
морал и традиции", вели Накпор. „Трансродовите сексуални работници се дискриминирани по
повеќе основи".
Оваа организација работи активно уште од 2004 година. Работи директно со маргинализираните
заедници и со клучните засегнати страни со цел да се сменат негативните стереотипи преку
активности за градење на заедницата, работилници и истражувања.
„Некои од моите пријатели од други организации постојано ме прашуваат зошто не ги советуваме
да ја сменат работата со некоја друга работа ", вели Нагор. „Сексуалната работа е работа – таа им
помага на многу сексуални работници да заработат за себе и своите семејства".
Обезбедувањето финансиски средства за членовите на семејството е еден начин за припадниците
на трансродовата заедница во Тајланд да добијат признание за работата што ја работат, вели еден
претставник на здружението Rainbow sky, организација која се залага за луѓе со различнa сексуалнa
ориентација.
Според Хавокскоп, сексуалните работници во Тајланд им испраќаат годишен просек од 300
милиони долари на членовите на семејството кои живеат во повеќе рурални области на Тајланд.
Како сексуален работник Сангхаром заработува околу 20,000 бахти, тоа е околу 570 долари
месечно, што пак е повисока сума од просечниот приход во Тајланд, кој според Меѓународната
организација на трудот, изнесува 489 долари.
Иако Сангхаром ужива во финансиската стабилност што му ја нуди сексуалната работа, таа вели
дека сепак транссексуалните работници најчесто се сочуваат со насилство и малтретирање од
страна на полицијата.
Накпор се согласува дека полициските службеници неправедно ги напаѓаат трансродовите
сексуални работници споредено со женските и машките сексуални работници. За да избегнат
апсење, транссексуалните сексуални работниците ја поткупуваат полицијата. Бидејќи сексуалната
работа е нелегална во Тајланд, трансродовите сексуални работници не се во можност да пријават
корупција во полиција.
Накпор се залага за декриминализација на сексуалната работа во Тајланд и смета дека со таквата
политика, не само што ќе се намали насилството, туку и ќе им се обезбеди на сексуалните
работници благосостојба, како што е социјалната сигурност, за нив и за нивните семејства.
9