Сметам дека е неверојатно тешко да се поверува дека голем дел од оние мажи кои ги посетуваат
сексуалните работници би одлучиле да ги нападнат жените ако не можат да пристапат до нашите
услуги.
Секој, од кој и да е пол, кој врши сексуален напад против друго лице, врши насилен чин.
Малку е веројатно дека маж кој ќе побара интимност и забава од сексуален работник, ќе излезе и
ќе стане насилен со жена, ако не може на пример да посети бордел.
На крајот, сексуалните работници бараат почит како и секоја друга жена: ако некој што е наклонет
кон насилство врз жените и посетува сексуални работнички, неговите постапки ќе бидат исто
толку насилни како кога би биле со жена која не е сексуален работник.
Сексуалните работници прават добри работи во светот. Поминуваме време со луѓе кои се осамени
и сакаат дружење и интимност, им помагаме на луѓето да ги намалат своите инхибиции и да се
забавуваат, а честопати им даваме курсеви за сексуално здравје на оние на кои им се потребни.
Иако сето ова може да придонесе кон подигнување на свеста во општеството во однос на сексот,
сепак сексуалните работници заслужуваат многу повеќе отколку да бидат само гледани како
привремена мерка за спречување на сексуална злоупотреба.
За да се стави крај на сексуалното насилство, првенствено потребна е промена во начинот на кој
зборуваме за сексот и начинот на кој зборуваме за насилство.
Се разбира, треба да почнеме со пошироки и поотворени дискусии, но исто така треба да се
справиме со основните причини за насилство: стереотипите засновани на пол и род, бес, страв и
злоупотреба на моќта.
Сексуалните работници заслужуваат да бидат вклучени во сето ова, но ова не е само наша борба.
Треба да започнеме со големи промени во општеството ако сакаме да го спречиме сексуалното
насилство на повеќе начини, а не само преку легализирање или декриминализација на
сексуалната работа.
Кејт Иселин, колумнист и сексуален работник.
3