Животот на еден сексуален
работник воопшто не е таков како
што повеќето го замислувате
Повеќето општества имаат навистина чуден однос кон сексуалните работници. И покрај
огромната побарувачка за она што тие го нудат, повеќето ги третираат сексуалните работници
како штетници. Тоа е навистина многу чудно, имајќи предвид дека ако некогаш постои жртва во
целата работа, тоа се самите сексуални работници - а тоа е САМО ако истите ја работат
сексуалната работа против нивната волја.
Повеќето ги гледаат личните искуства на сексуалните работници и причините за започнување со
сексуалната работа како еднолични и типични приказни, но вистината е сосема поинаква.
Една студија направена во Сан Франциско покажала дека дури на 83% од сексуалните работници
им бил загрозен животот, а 82% од нив доживеале физичко насилство. Една студија за сексуални
работници во Колорадо укажа на многу повисока стапка на смртност кај сексуалните работници
од онаа кај општата популација. Кога би размислиле кој би бил најприфатливиот тип на убиец,
повеќето би го прифатиле убиството на некој сексуален работник, а со тоа можеме да видиме
како едно општество ги вреднува сексуалните работници.
„Седев покрај една жена во полициското комбе откако имаше полициска рација и не собраа
неколку девојки, кога ми рече: „Зошто не можеш да седиш со другите девојки? Дали сте сите
курви? Уфф, тоа е гадно". На крајот се дозна дека оваа неверојатна жена е фатена за суровост кон
животните ... таа си го изгладнувала своето куче. „Кој е тука гаден?!", вели Мери, сексуална
работничка.
Секој има различна приказна и причина зошто ја започнал оваа работа, и да, некои од тие лични
приказни се навистина тешки.
Сара е сексуална работничка која почнала да ја работи оваа работа поради истата причина како и
повеќето други кои ја работат сексуалната работа. Таа ја изгубила својата стара работа и решила
да започне со нешто што ќе и носи повеќе пари. Еден ден излегла на улица и чекала.
„Подоцна таа ноќ, го имав мојот прв клиент, незнаев колку да му земам, па му реков 50 долари,
на што тој веднаш се согласи“.
Приказната на Лука е слична, живеел во Сан Франциско, останал без пари и одлучил да се
рекламира на интернет. „Немав храна во фрижидерот ... објавив реклама на интернет ..."
Приказната на Тед е сепак поинаква од другите. Тој е бивш корисник на дрога кој немал доволно
да си купи хероин, а тоа го чинело од 150 до 200 долари на ден.
„Една вечер, бев излезен во центарот на градот со мојот пријател и како што се шетавме по
улиците да најдеме дрога, тој ме посоветува дека со мојот изглед можам да направам многу
пари. Потоа ми даде неколку контакти... Влегов внатре и за еден клиент ми беше потребно околу
десет минути... Направив 200 долари првата вечер".
Тед започнал да работи како машки сексуален работник само за да може да си набавува хероин
секојдневно. Денес, веќе не зема хероин, но сепак останал да работи во секс индустријата. Смета
дека оваа работа му носи добра заработувачка.
Сексуалната работа не е задолжително лоша работа, иако повеќето ја гледаат како неморална, за
уништување на самопочитта и душата кај една личност. Една студија во Цирих открила дека 40%
4