Дали со декриминализација на
сексуалната работа може да се намали
сексуалната злоупотреба?
Како сексуален работник, понекогаш ми е тешко да оправдам зошто ја работам оваа работа.
Но, сепак благодарение на мојата работа успевам да си ги платам сметките и да имам доволно за
пристоен живот. Моите пријатели кои ја работат сексуалната работа и кои успеваат да си го платат
своето образование или пак образованието на своите деца, имаат многу јасен одговор на ова
прашање.
Сосема е разбирливо за некој кој студира, да започне со работа која е добро платена и која бара
релативно помалку работни часа, од онаа во бар или ресторан. Многу мајки после породувањето,
бараат пофлексибилна работа која ќе им овозможи рамнотежа помеѓу работата и животот.
Но, на оние како мене со помалку очигледни причини за работа во секс индустријата честопати им
е тешко да објаснат зошто ја одбрале оваа професија.
Зошто некој би одлучил да работи како сексуален работник наместо во канцеларија? Зошто би
сакале да го поминувате денот имајќи сексуални односи со непознати?
На многу луѓе им е тешко да ја прифатат сексуална работа како нечија професија. Додека луѓето
во скоро секоја друга професија успеваат да заминат на своите работни места без да се соочуваат
со премногу испрашувања за нивните мотиви и причини, не можам да кажам дека истото важи и
за сексуалните работници.
Ако не сме очајни за пари или очајни за секс, тогаш
зошто не работиме нормална работа како и сите
други?
Додека сексуалните работници често се обвинуваат
за пренесување на многу болести во општеството,
во некои земји, сексуалната работа е одговорна за
постигнување на големи резултати. Во Роуд Ајленд,
САД, се намалил бројот на пријавени случаи на
гонореја
откако
сексуалната
работа
била
легализирана, а во Холандија пријавените случаи
на сексуална експлотација се намалиле за дури
40%, откако сексуалната работа била легализирана
во неколку области.
Но, дали ова е тоа што сексуалните работници го чекаат сите овие години? Оправдување дека
треба да ни е дозволено да работиме, бидејќи всушност го намалуваме криминалот, насилството
и сексуалното малтретирање. Важно е да се напомене дека голем број од случаите воопшто не се
пријавуваат. Охрабрувачки е да се види падот во бројот на сексуални напади и малтретирања, но
сепак вистината е далеку од тоа. Според RAINN, дури три од четири напади воопшто не се
пријавени во полиција.
Дали пријавувањето на сексуален напад во полиција е единствениот начин на кој една држава го
мери насилството и дали навистина сме ние безбедни? Едноставно, не може да се извлече
заклучок дека сексуалните напади се случуваат поретко само поради тоа што се пријавени
помалку случаи во полиција.
Дури и ако бројот на сексуални напади и малтретирања се намалуваа во земји каде сексуалната
работа е легална или декриминализирана, што треба тоа да значи за клиентите на сексуалните
работници?
2