Лила Милиќ - Единствената
трансродова личност на Модниот
викенд во Скопје
„Гепардот својата енергија ја согорува од срцето.
Повремено зрачи како страсна супернова. Го чека
вистинскиот момент и никогаш не се откажува.
Колку сила и енергија им даваш на другите?
Веруваш ли во својата истрајност да го заштитиш
она што е твое, тогаш кога е најважно? Креациите
од новата колекција есен/зима ‘18/19 беа
претставени со перформанс што ја слави
убавината на различноста.
Продефилираа индивудуи кои грабат со смел
чекор, како на пистата, така и во животот.“ –
напиша Ирина Тошева, модната дизанејрка која
беше единствената модна дизјанерка на Fashion
Weekend Skopje 2018 која во својата ревија вклучи
девојки кои не се професионални манекенки. Една
од нив е и Лила Милиќ, трансродова личност која
беше дел од ревијата на Ирина Тошева на
овогодинешниот Fashion Weekend Skopje кој се
оддржа од 1-ви до 4-ти ноември во хотел Мериот.
Благодарение на разговорот со Лила, имаме можност да дознаеме повеќе за тоа како е да се биде
единствената трансродова личност која настапила на една ваква важна манифестација.
Можеш ли да ни раскажеш малку повеќе за тоа како дојде до соработка со модната
дизајнерка Ирина Тошева?
Преку мои пријатели кои исто така лично ја познаваат Ирина. Ми раскажаа кој е всушност
целокупниот концепт за нејзината ревија, дека станува збор за перформанс кој вклучува различни
профили на личности кои се несекојдневни и кои општеството гледа поразлично на нив. Откако ми
ја доловија нејзината идеја, стапив во контакт со Ирина. Бидејќи навистина ми се допадна тоа што
таа сака да го постигне со нејзината ревија без двоумење прифатив да бидам дел од истата. Ми се
отвори можност за поголема видливост како трансродова личност. На самата ревија учествуваа 11
девојки од кои 4 беа професионални манекенки, а другите седум учеснички беа девојки и жени кои
на некој начин се отфрлени или дискриминирани од општеството поради нивниот физички изглед.
Како течеа подготовките пред и за време
на ревијата?
Една недела пред ревијата се сретнав со Ирина
Тошева. На средбата ги обработувавме
деталите за мојот настап, се договаравме што
ќе носам и како треба да изгледам. На самиот
ден на ревијата подготовките почнаа уште од
попладневните часови, имавме неколку
проби, потоа шминкање, фризури и секако
имаше дружење.
Што носеше ти на ревијата?
На ревијата носев долг капут, уникатен. Можам
да кажам дека целата нејзина колекција за
есен-зима 2018/19 беше уникатна и беше
направена специјално за оваа ревија.
8