S-Work No.75 75 | Page 9

Нејзините парчиња дизајнирана облека можете да ги погледнете во нејзиното ателје кое се наоѓа во Градскиот трговски центар. Можеш ли ди ни го опишеш твоите впечатоци на еден ваков важен настан? Пред сѐ сакам да им се заблагодарам на организаторите на Модниот викенд во Скопје кои ми ја дадоа оваа можност, исто така и на дизајнерката која иако никогаш не сум била манекенка ми ја даде целосната поддршка и веруваше во мене дека ќе се покажам во најдобро светло. Сакам да напоменам дека Ирина немаше претходно најавено какви девојки ќе учествуваат во нејзината ревија и тоа беше изненадување за сите присутни. Сепак, сакам да нагласам дека бевме сите супер прифатени. Можам да кажам дека таа вечер сите ги славеа различностите. Морам да признаам дека чувствував страв на почетокот, сепак тоа е јавен настан, и незнам како луѓето ќе реагираат кога ќе видат трансродова личност на пистата. Ова се должи на моите лоши претходни искуства кога сум излегувала во јавност. Но за среќа, се испадна како што треба и како што доликува за еден ваков настан. Имаш ли некаков план за во иднина, на пример да учествуваш повторно во некој настан од јавен карактер? Се надевам дека ова нема да ми биде единствено вакво појавување во јавноста и дека во иднина ќе има повеќе вакви можности каде што луѓето како мене ќе можат без страв и осудување да се појавуваат на важни настани од јавен караткер а со цел да станеме повидливи и прифатливи за општеството. Во декември, ќе има изложба на која ќе има и мои фотографии. Сѐ уште не е договорено како ќе се вика оваа изложба, бидејќи нејзините подготовки се се уште во тек. Со изложбата сакаме да покажеме дека трансродовите луѓе постојат и не сакаме да бидеме ние тие кои ќе се навикнуваат на општеството, туку општеството треба да се навикне на нас. И за наредна година имам планови, но рано е да се откриваат. Фото кредит: Ани и Дими 9