S-Work No.75 75 | Page 7

Денеска се прифаќа себеси и се сака таква каква што е Хана денеска нема добар однос со родителите каков што би сакала. Им рекла дека не планира повеќе да се крие и дека стравот нема да го дефинира нејзиниот живот, но сепак родителите не ја прифатиле. Највеќе од сè, таа би сакала да ги подобри односите со своите родители, да им каже колку ги сака и колку нивната љубов и поодршка и се потребни. „Тоа е она што го барам сега од Дедо Мраз, тоа е желбата која си ја замислувам кога ќе здогледам звезда како паѓа или кога прв пат влегувам во некоја просторија. Имам прекрасни родители и навистина би сакала да имам повторно однос со нив каков што сум имала претходно, во кој знаев со секој момент колку сум им значела... Понекогаш сум лута затоа што имам чувство дека нешто што е важно не е важно, освен тоа што сум транс. Со негативниот став изграден за трансродовите лица, јас сум лишена од можноста да ги изразам своите емоции", вели таа. Хана сега живее и се дружи со луѓе кои и веруваат и кои ја разбираат во целост. Во процесот на самоприфаќање, сепак на крајот успеала да се прифати себеси таква каква што е. Ситуацијата е лоша, но подобра отколку порано Иако ситуацијата во Црна Гора во однос на прифаќањето на трансродовите луѓе е многу подобра, отколку пред неколку години, сепак не е сјајна. Хана е активен член на невладината организација Спектра, која им дава заштита и поддршка на трансродовите лица. „Транс лицата сега барем имаат некој да контактираат доколку сакаат да се сретнат со други транс лица, да побараат помош во случај на насилство или дискриминација или да добијат информации кои ќе им го олесни пристапот до здравствените, административните и социјалните услуги. Невладините организации Queer Montenegro и Juventas веќе неколку години ја поддржуваат и и помагаат. Сепак, остануваат проблемите - непочитување, насилството, неприфаќањето од семејство, слабо имплементирани закони, отсуство на закони кои би им гарантирале достоинствен живот на трансродовите лица", објаснува таа. Хана напоменува дека денеска има околу 10 транс лица кој се медиумски видливи и кои дале значаен допринос за гласовите на транс заедницата да бидат слушнати. „Во овој момент не можеме да зборуваме за слободата, факт, но можеме да зборуваме за борбата за нашите животи. Едно е неизбежно, никогаш до сега не сме биле поактивни. Јас лично, на моја кожа почувствував како општеството ги третира оние различните. Никој нема да се бори за нас, никој не може да ги раскаже нашите приказни, ние мора да ја преземеме одговорноста за нашите животи", вели таа. Со цел да ги направат промените на своето тело, транс лицата мора да примаат хормонска терапија, која не е присутна во Црна Гора, иако е на позитивната листа на лекови. Тие купуваат лекови во Србија на црн пазар, дури и плаќаат седум пати повисока цена, и често немаат пари за тоа. „И покрај многубројните писма што ги доставивме до Министерството за здравство, овој проблем не е решен. Јас бев на хормонска терапија од јуни минатата година до март оваа година, но бев принудена да прекинам бидејќи моите месечни трошци за хормони се околу 90 евра. Пак почнав пред еден месец и се чувствувам подобро од било кога", вели таа. Иднината ја замислува со куќа покрај езеро, опкружена со животни Листата на желби и планови на Хана е многу долга. По операцијата, таа планира да се запише на универзитет и да го зајакне транс движењето.„Пред неколку години посакував само едно волшебно стапче кое би променило се, но сега сум свесена дека само вистинските информации и колку повеќе зборувам во јавноста, може да направат трајна промена", вели Хана. Својата иднина ја гледа како живее во куќа покрај езеро, каде што ќе ужива со своите животни. „Сакам да имам крави, свињи и кози, и своја градина. Сакам да научам да везам и да плетам, да ја фотографирам природата, да пијам вино, да читам книги покрај каминот", вели Хана за порталот Аналитика. Извор: Портал Аналитика 7 #PortalAnalitika #HanaKonatar #MNEPride