S-Work No.75 75 | Page 6

Во училиште постојано била малтретирана од соучениците и наставниците Растејќи, околината станувала се погруба кон неа, иако Хана немала ништо направено за тоа да биде така. Школувањето го памти по немилите настани, насилството, навредувањето, сурови шеги за тоа како изгледала и се однесувала, како и физичкото малтретирање кое неретко го добивала. „Како растев, малтретирањето кое го доживував од страна на учениците, но и од страна на наставниците беше се поизразено. Од женско петле, до фрлање столица кон мене од 10 метри оддалеченост. Не се сеќавам дека имало ден од мојата седма до осумнаесетта година, во кој немало насилство спрема мене, и се беше поради тоа што бев перцепираана како исфеминизирано машко", вели Хана. Со непријатни ситуации се соочува и денес, а последната била пред скоро два месеци. Чекајки автобус од Сараевската станица за Црна Гора, сретнала познаник од детството на кого сега му се претставила како Хана, и на кого му објаснила што е тоа трансродност за време на нивното патување. „На почетокот се преправаше дека ме разбира, но некаде на граница со Босна, ми го зема пасошот и мавташе со него говорејки им на патниците кои беа во автобусот како јас сум машко, дека името во документите ми е машко, но дека на него сум му рекла дека се викам Хана. Го земав мојот документ и се правев исто како да не го слушам. Четири часа беше брутален спрема мене, а кога влегов во Подгорица, го зема телефонот и почна да се јавува на свои пријатели и им викаше да дојдат на автобуската станица за ме снимаат“, раскажува Хана за непријатната ситуација во која се нашла. Сепак успеала да му објасни дека доколку ја сними ќе биде пријавен за незаконско снимање, како и за навреда и вознемирување. „Сепак не ја вклучи камерата, но се јави кај другарот и го стави да збори на спикерфон. Го прашуваше што би и направил на личност што се претставува како женско, а всушност е машко. Другарот одговори дека би ме претепал доколку ме види. Батеријата на мојот телефон беше празна, па не можев да повикам полиција и да го пријавам, ниту можев да повикам некој да дојде по мене на автобуската станица, но не чувствував дека можам да побарам помош од некој од патниците кои беа во автобусот, бидејки за време на целата случка никој ниту реагираше, нити се обиде да го спречи неговото насилно однесување“, раскажува Хана. 6