S-Work No.75 75 | Page 5

Исповед на една трансродова личност - Хана Конатар: „Со години доживував насилство, а денес сум вљубена и среќна жена“ Хана Конатар е транс жена од Подгорица, родена како машко. Поради својот изглед, таа постојано доживувала вербално и физичко насилство, а честопати и презир од луѓе кои воопшто не ги познавала. Сето тоа влијаело негативно врз нејзиниот живот. Имало периоди кога не се чувствувала доволно добро и мислела дека не заслужува љубов. Денес, таа се сака себеси и го ужива секој нов ден. „Ми беше потребно долго време да го прифатам своето тело. Во општество кое не знае што значи да си трансродова личност, каде што насилството е одговор за секоја различност беше тешко да с е засакаш себеси, да го прифатиш своето тело, а лицемерно е да не го сакаш само затоа што не изгледа како телото на останатите жени“, објаснува Хана. За Порталот Аналитика, Хана зборува за се што поминила низ животот, детството, процесот на самоприфаќање, процесот на транзиција, за среќните, но и за тажните моменти, како и за проблемите со кои трансродовите лица се соочуваат секојдневно во Црна Гора. Детството на Хана и книгите со самовилите Потсетувајќи се на своето минато, Хана Конатар (21) зборува за тоа колку нејзиното детство било среќно. Разиграна и полна со имагинации, се облекувала во гардеробата на сестра и, си играла со барбики, гледала бајки со принцези во главните улоги, а за време на Новогодишните празници му пишувала писма на Дедо Мраз да и донесе кукла за подарок. Таа не можела да сфати дека е поразлична од другите. „Првата ситуација на која се сеќавам, се случи во една книжарница каде дирекно ми кажаа дека правам нешто погрешно“. Родителите не однесоа мене и мојот брат да купиме прибор и тетратки за прво одделение и јас избрав тетратки на кои имаше Барби и Пегаз. Кога дојдовме до касата, касиерката ми рече дека тоа е тетратка за девојчиња и дека треба да купам иста таква како што имаше земено брат ми. Јас не избрав друга. Утредента заедно со мојата мајка отидовме во продавница во близина на нашата куќа, каде што купивме книга со самовили, но мајка ми купи и бела корица за да ја обложиме книгата за да не ме исмејуваат другите деца, бидејки сепак тоа било книга за девојчиња“, раскажува Хана Конатар. Растејќи, нејзиното тело почнувало да се менува, и колку повеќе се развивало, таа почнала да чувствува незадоволство од „некои делови од телото". „Бев многу шокирана кога почна брада да расте на моето лице, дури и ги убедував моите родители да ме носат на дерматолог, бидејќи чувствував дека тоа не треба да ми се случува. Тогаш не знаев дека моите гениталии, широки рамења, подолги нозе и раце не го дефинираа моето тело како машко и сакав да сменам сè. Ми требаше долго време ми да почнам да го прифаќам своето тело. Растејќи во друштво кое не толерира клемпави уши, а камоли нешто друго, во околина што не научила дека автентичноста е она што на убавината и дава трета димензија. Во општество кое ќе ве дефинира како грда кога некој ќе најде нешто што не му се допаѓа кај вас, во општеството кое не знае што значи да се биде транс, каде насилството е одговор за секоја различност. 5