S-Work No.74 74 | Page 8

Транс заедницата во Македонија е разнолика и сите транс луѓе заслужуваат еднаква почит, заштита и безбедност, без разлика како изгледаат Ситуацијата на транс лицата во Македонија е генерално лоша, пред сé поради недостатокот од заштита. Оваа маргинализирана популација воопшто не е заштитена од дискриминација и насилство врз основа на родовиот идентитет. Тоа значи дека е потребно правно признавање на родот и измени на Кривичниот законик за експлицитно да се забрани насилство врз основа на родов идентитет и сексуална ориентација. Проблемите со кои се соочуваат транс луѓето можат да се поделат на правен и медицински дел. Правниот дел се однесува на промената на документите. Тоа опфаќа промена на името, ознаката за пол и матичниот број. Сеуште Министерството за правда не спроведува постапки за промена на ознаката за пол, ниту пак Министерството за внатрешни работи им издадава нови матични броеви на трансродовите лица кои ги имаат променето своите документи врз основа на самоопределување. Медицинскиот дел се однесува на достапноста на медицинските услуги, специфични за потребите на оваа популација, како и општите здравствени услуги. Сеуште транс луѓето се соочуваат со дискриминација и насилство при обидите да добијат адекватна здравствена услуга. Повеќе за ситуацијата на транс луѓето во Македонија како и за сопствениот живот и процесот на транзиција зборува Бојан, во следново интервју. Како медицинските промени и интервенции влијаат на твојот приватен живот? Бојан: Медицинските промени ја подигнаа мојата самодоверба којзнае колку пати. Тоа ми овозможува без страв да дејствувам и да бидам социјално активен без да мислам на тоа дека нешто ќе се забележи. Изгледам исто како и секој друг маж. Немам никаков проблем со луѓето околу мене. Меѓутоа, кај мене е проблем промената на документите. Името ми е сменето, ама буквата е уште Ж и матичниот број е со 455. Во моментов тоа влијае на пример на мојата можност да патувам надвор од државата со луѓе кои не ме знаат од порано - во тој случај би дознале сѐ и којзнае како би реагирале. Проблемот со документите влијае и на многу други работи, но тие се главно поврзани со институциите. На која возраст започна со процесот на транзиција? Бојан: На 23 години. Се потсетувам на детството - уште од тогаш знаев дека јас се гледам на еден начин, а луѓето околу мене ме гледаат на друг. Сигурен бев. Ама тоа беше одамна, а живеев во средина во која тешко се доаѓаше до информации и поддршка. Не можев да го именувам чувството и не знаев како да го објаснам. За среќа, денес е за нијанса полесно. На 23-годишна возраст веќе имав расчистено сѐ со роднините и пријателите и знаев дека е време. Сакав да земам хормони (тестостерон) како за почеток, затоа што тогаш немав пари за хируршки интервенции. Од причина што сѐ ми беше расчистено и со поддршката од семејството имав стабилна основа, брзо помина делот со одобрувањето од страна на докторите (бев во Белград) и набрзо започнав. Нивото на среќа и задоволство во мојот живот стана огромно, за разлика од претходниот период кој за мене беше многу тежок и изразено депресивен. Многу пати посакував сѐ да заврши. Но откако почнав, ми се врати волјата да живеам и да правам позитивни промени. Дали твоето семејство, роднините и пријателите знаат дека си транс маж? Бојан: Да, сите се запознаени со тој факт. Секако на почетокот имаше луѓе, пред сѐ роднини, кои се противеа, очекувано, имаше и луѓе со кои оттогаш во период од повеќе години немав контакт. Но, еве сега повторно се поврзуваме и од нивна страна нема никакви негативни забелешки. Напротив, супер е. И колку повеќе од нив се во контакт со мене, така и нивните потесни семејства се одлучуваат да се придружат. Па ако тоа не е супер, не знам што е. На другите транс луѓе им посакувам да им е уште 8