Зошто станав сексуален
работник?!
Џејмс Бејли (ова не е неговото вистинско име), неодамна пензиониран сексуален работник, вели
дека започнал со сексуална работа поради невработеноста.
Бејли работел во северното предградие на Јоханесбург од 2005 година, откако се преселил со своите
пријатели. Тој вели дека бил свесен дека влегува во индустрија која е нелегализирана и која
претставува криминал во една од најбогатите провинции во ЈАР.
Парите кои ги заработувал работејќи како сексуален работник ги користел за да се грижи за своето
семејство. Бејли никогаш не открил за својата поранешна професија на неговото семејство поради
стигмата и дискриминацијата против машките сексуални работници.
„На мојот прв ден на работа бев многу нервозен бидејќи се плашев дека би можеле да ме уапсат или
да станам жртва на насилство од страна на клиентите и дека нема да има некој да ми помогне", вели
тој, додавајќи дека желбата да заработи за живот му дала сила да продолжи.
„Се облекував како жена, бидејќи луѓето имаат предрасуди за мажите, особено дека работам работа
која е криминализирана во нашата земја".
Бејли работел како независен сексуален работник, но сепак имал колеги и колешки кои секогаш биле
до него и го штителе. Покрај нив Бејли се чувствувал безбедно.
„Ние обично преземавме сопствени мерки на претпазливост со цел да се осигураме дека не
работиме сами на улица. Кога ќе дојдеше некој клиент да не земе, другите сексуални работници
веднаш ќе ја фотографираа регистерската табличка од возилото. Исто така, на аголот од улицата на
која работевме, имаше поставено камера, така што сè беше снимено", вели тој.
Бејли додава дека насилството од страна на клиентите не е единствената грижа на сексуалниот
работник. "Бевме постојано жртвувани од полицијата затоа што не можеа да докажат што правиме;
тие ги користеа подзаконските акти и често нè апсеа за нешто сосема друго. Поминувавме една ноќ
во ќелија и потоа не ослободуваа следниот ден. Многу често се случуваше да не малтретираат додека
сме во притвор, не прскаа со што најдат, ни ги извлекуваа периките за да покажеме дека не сме
жени".
Бејли зборува за еден немил настан кога бил претепан
од полициски службеник откако се обидел да избега од
притвор. „Бев психсички и физички малтретиран. Не
разбирам зошто нешто ненасилно како секс се смета за
кривично дело и се споредува со убиство и кражба",
вели тој.
По неговото пензионирање, Бејли сега работи за
СИСОНКЕ, Здружение на сексуални работници
оформено од страна на самите сексуални работници.
Примарниот фокус на ова здружение е мобилизирање
на заедницата за решавање на проблеми и прашања кои
се од големо за сексуалните работници.
7