Системска дискриминација
Истражувањата покажале дека со
дискриминацијата на сексуалните
работници им се оневозможува пристапот
до одредени услуги, како што е домување
или сместување, можности за
вработување и добивање еднаква правда.
Голем број сексуалните работници до сега
имаат пријавено дека нивните сметки на
Airbnb се суспендирани, нивните PayPal
сметки се затворени и забрането им е
секаков вид рекламирање.
Стигмата е особено присутна за оние сексуални работници кои ја работат оваа работа како единствена
за егзистенција, кои употребуваат недозволени дроги, оние кои се трансродови, мигранти, родители
или работат на улица. Кај овие заедници степенот на насилство од страна на полицијата,
малтретирањето и криминализацијата е особено висок.
Сексуалните работници кои живеат со ХИВ се апсат од страна на полицијата, и покрај тоа што немаат
никакви докази дека пренесуваат ХИВ или пак се вклучени во сексуални односи без заштита.
Дискриминацијата не е изолирано искуство. Во Нов Зеланд еден учител е тргнат од своето работно
место, поради тоа што се сликал за австралиското списание Пентхаус. Во САД, една учителка беше
обвинета за непристојно однесување поради нејзината колумна во која пишува за нејзините
претходни искуства во врска со сексот.
Не само што анти-дискриминаторската заштита за сексуалните работници останува недоследна и
несоодветна, во 2012 година, Квинслендското законодавство го има променето законот против
дискриминација, се со цел намерно да се дозволи дискриминација против сексуалните работници во
однос на домувањето.
Стигмата исто така се манифестира во политички и регулаторни рамки кои ги криминализираат или
лиценцираат сексуалните работи, барајќи од нив да имаат задолжително медицинско тестирање или
постојана регистрација во полициските или владините бази на податоци, се со цел да се намали
видливоста на сексуалната работа.
Стигмата ги става сексуалните работници во ризик. Криминализацијата на сексуалната работа и
задолжителната регистрацијата на сексуалните работници само го зголемува насилството врз нив.
Стигмата е причина за намалување на можностите на сексуалните работници да се обратат за
поддршка, пристап до здравствената заштита, човековите права и правдата.
Намалувањето на стигмата бара не само правни и политички промени, туку и културни промени. За да
се намали стигмата потребно е да се направат следниве неколку чекори: декриминализација на
сексуалната работа, да се промени законот против дискриминација и да се финансираат поголем број
организации за заштита на правата на сексуалните работници. Но, овие чекори сами по себе не се
доволни. Исто така, потребно е да се спроведе истражување за манифестациите и импликациите на
стигмата кои се од клучно значење за развивање на стратегии за намалување на неговото влијание.
Емоционалната цена која ја плаќаат сексуалните работници кои се стигматизирани и дискриминарини
е навистина голема. Сексуалните работници и понатаму продолжуваат да се мобилизираат, да се
ангажираат и да се борат против стигмата. Но, една од најподмолните последици од стигмата е
нејзиниот потенцијал да го ограничи бројот на сексуалните работници да се борат за нивните основни
човекови права.
Надворешната и внатрешната стигма влијаат врз менталното здравје на сексуалните работници со што
го спречува нивниот активизам, ги спречува да се организираат и борат за своите права. Стигмата е
тешка. Стигмата е исцрпувачка. Големата тежина на стигмата е товарот кој го носат сексуалните
работници. Најголемата пародија е тоа што стигмата ги насочува енергиите на сексуалните работници
да се заштитат и да се борат за нивната безбедност, отколку да се едуцираат и изградат заедница која
ќе им помогне да преживеат и напредуваат во овој суров свет.
6