минути за 100 долари. Затоа е невозможно да се генерализира мојата работа, бидејќи животот,
сексот и причините зошто луѓето ја работат оваа работа не можат да се генерализираат.
Што мисли твојот сопруг за твоите клиенти? Дали љубомората некогаш претставувала проблем?
Ева: Јас сметам дека тој воопшто не мисли на нив. Љубомора ретко доаѓа во нашите животи. Имаме
отворен брак, споделуваме и уживаме во сексот заедно со другите. Отсекогаш постоеле оние грижи
за безбедноста кои доаѓаат со самата работа, но отсекогаш сме изнаоѓале решенија за решавање на
проблемите.
Џастин: Да, постои љубомора. Јас сум љубоморен дека тоа е работа што не можам јас да ја работам.
Можеби би можел, но мислам дека е многу потешко за момци да влезат во оваа професија. Но не.
Никогаш не сум бил љубоморен на клиентите. Тоа е само работа.
Како ги балансираш работите помеѓу приватниот и професионалниот живот?
Па, во моментот, помалку се занимавам со сексуалната работа, а тоа се должи на фактот дека имам и
други приватни работи кои ме окупираат секојдневно. Претходно живеевме во Викторија, каде што
законите за сексуалната работа се поотворени. Се преселивме во Квинсленд пред околу четири
години. Тоа всушност е една од причините поради кои не работам толку често колку што би сакала;
законите, стигмата и религиозните групи го прават Квинсленд малку страшно место за самостојни
сексуални работници како мене.
Понекогаш ми недостига таа слобода. Моментално имам три редовни клиенти со кои редовно се
гледам, но за разлика од претходно, се помалку сум инволвирана во сексуалната работа. Едноставно
немам многу време. Кога работев редовно, истовремено студирав, но сепак можев да направам
резервации барем три пати во неделата. Но, сега кога сме семејство се трудам се повеќе да
поминувам време со нив, бидејќи тоа ми е многу поважно од се друго.
Дали твојата работа има некакво влијание врз вашиот сексуален живот?
Ева: Јас навистина мислам дека нема. Барем, не на некој негативен начин. Без оглед на сексуалната
3