Среќно оженет маж чија жена е
сексуална работничка раскажува
за своите животни искуства
За Ева Слетс, сексот не е само нешто во што таа ужива, туку тоа е и работа. 40-годишната Ева е секс-
колумнист, секс-едукатор и сексуален работник кој се вклучува во консезуален секс за пари.
Таа е исто така мажена за Џастин (43), кој целосно ја поддржува нејзината работа, иако и двајцата се
свесни дека водат неконвенционален живот.
„Знам дека сме редок пар. Нашиот живот и брак се темели на силно пријателство, доверба, љубов и
почит“, вели Ева. „Не знам дали овој живот ние што го живееме е за секого, но за нас е доволен. Го
сакам нашиот свет“.
Слетс раскажува повеќе за тоа како сексулната работа влијае врз нивниот брак и што Џастин мисли
за клиентите на својата сопруга.
Колку долго сте заедно? Дали веќе беше вклучена во сексуалната работа кога се запознавте?
Ева: Во брак сме веќе 11 години. Претходно бевме во врска 18 години, а се запознавме пред околу
30 години. Отсекогаш сме си биле присутни во нашите животи. Работам како сексуална работничка
веќе 15 години со по неколку паузи, што значи го познавав Џастин кога започнав со оваа работа. За
ова зборувавме со години, дека е нешто што отсекогаш сум сакала да го правам и истражувам.
Сексот и сексуалноста отсекогаш биле најпосакувани и најплатени работи и тоа е нешто за кое долго
време размислував. Работев како рецепционерка и менаџерка во бордел долги години, пред да се
одлучам да скокнам да работам од другата страна. Сепак оваа одлука беше заедничка. Тој ми даде
голема поддршка и храброст да го сторам тоа. И беше неверојатно.
Џастин, каков беше твојот одговор кога Ева ти кажа дека сака да стане професионален
сексуален работник? Што работиш ти?
И реков, „Кул! Продолжи. Ќе бидеш одлична".
Јас инаку работам со велосипеди, правам и поправам планински велосипеди. Порано и јас сум
учествувал во трки со велосипеди, но како почнав да стареам, сфатив дека секое паѓање навистина
ме боли. Едноставно моето тело не е толку издржливо како порано. Сè уште учествувам на трки, но
поретко.
Ева, што всушност подразбира вашата работа со клиентите?
Тоа е навистина незгодно прашање, бидејќи секој е различен и секоја работа е различна.
Претпоставувам основен опис на работата со клиентите би било: разговор, дружење, секс, туш,
повторно разговор и потоа си одам дома.
Но, реалноста е многу повеќе од тоа. Не се сведува работата само на секс. Меѓусебната интеракција
е клучот и она во кое јас и моите клиенти уживаме. Се смееме. Разговаравме за интересни работи.
Плачам кога некој од моите клиенти ќе го изгуби својот партнер, миленик или член на семејството.
Гледаме филмови, понекогаш излегуваме на вечера или во музеи. Со секој клиент е различно. За
некоја средба со клиент, за која мислиш дека ќе трае неколку часа, на крајот испаѓа да биде околу 15
2