S-Work No.74 74 | Page 4

работа, јас сум и секс едукатор, пишувам колумни поврзани со секс и секс-играчки. И сето ова е мојот свет повеќе од 20 години. Џастин: Не мислам дека има влијание. Нашиот сексуален живот е одличен. Имате заедничка 14-годишна ќерка. Дали таа знае што работиш, Ева? Таа знае дека работам со сексуално образование, и дека сум мошне политички мотивирана да создадам подобар свет за жените, а мојот фокус се најчесто сексуалните работници и секс индустријата во целост. Таа е поразлична од мене во секој поглед. Таа е тивка личност, вистински академик. Воопшто не се грижи што мислат други за неа, особено момчињата, таа си тера се по свое. Сепак е многу отворена личност, која има почитување за сите и разбира дека сексуалната работа е работа. Какви „правила", и дали воопшто ги имате во вашата врска, а се поврзани со вашата работа? Ева: Основни безбедносни правила. Пред сé мора да ги проверам клиентите пред да се запознаеме. Но во нашата врска, не постојат тешки правила. Повторно ќе напоменам, тоа е само работа. Џастин: Токму така, тоа е само работа. Тоа е исто кога вашиот партнер оди кај терапевт за масажа. Повеќето луѓе ја сметаат масажата за лична интимност. Ние знаеме како да ја одвоиме љубовта од сексот. Тоа е физичка работа, а не емотивна. Секако има емоции и интимност кои се вклучени, но тоа не може да биде љубов или пак да прерасне во трајна врска. Џастин, какви се ракциите на луѓето кога ќе им кажете дека вашата жена е сексуален работник? Тие често се изненадени дека јас сум ОК во врска со тоа, но тоа воопшто не ги сменило нашите пријателства или пак нивните ставови кон нас. Претпоставувам дека луѓето се понекогаш изненадени што Ева тоа го прави по сопствен избор, дека ужива во својата работа за која е добро платена. Јасно е дека сте многу отворени и искрени во вашиот брак. Што единствено може да ја расипе вашата врска? Ева: Нечесноста. Вистината е моќ, а на власт постои сила. Отстранете ја таа сила и што останува? Џастин: Истото го мислам и јас. Нечесноста. Која е поентата да се биде во посветена врска ако не можете да бидете искрени? Сè е полесно кога си искрен со совјот партнер. И во добро и во лошо. 4