При тоа, невладините здравствени клиники се тие кои помагаат кај оние кои живеат со ХИВ да добиваат
редовна антиретровирусна терапија. Повеќе од 80% од мажите кои започнале со антиретровирусна
терапија на клиниките сеуште ги земале лековите во последните две години.
Луѓето кои се на антиретровирусна терапија мора да се лекуваат до крајот на својот живот. Но,
задржувањето на истите претставува голем предизвик.
Покрај тоа, мажите кои имаат секс со мажи често не се свесни за ризикот кој постои за пренос на сексуално
преносливи инфекции. Често овие инфекции имаат невидливи симптоми и поради тоа многумина не се
свесни дека ги имаат и не бараат соодветен третман. Наоѓањето и лекувањето на овие инфекции е важно
бидејќи нелекуваните сексуално преносливи инфекции го зголемуваат ризикот од пренос на ХИВ.
Една од причините поради која услугите на Health4Men се успешни е присуството на машки здравствени
работници. Машките здравствени работници се специјално обучени да ги разберат специфичните потреби
и здравствени проблеми на мажите кои имаат секс со мажи. Се чини дека нивното вклучување им
овозможува на многу мажи да се чувствуваат поудобно и отворено да дискутираат за сексуалните
прашања.
При тоа, МСМ популацијата ги смета овие невладини клиники за безбедни места каде што можат слободно
да ги добиваат потребните здравствени услуги.
Овозможување на адекватни услуги кај МСМ
Со цел да се спречи ширењето на ХИВ, Јужна Африка треба да го прошири пристапот до специјализирани
здравствени услуги за мажите кои имаат секс со мажи. Воедно, овие услуги треба да им бидат достапни и во
државните установи не само на здравствените клиники водени од НВО секторот.
Спроведувањето на овие специјализирани услуги во руралните средини претставува исто така проблем
поради ограничените ресурси. Но, во овие области здравствените работници треба да бидат обучени за да
ги разберат различностите кај родовиот идентитет, полот и сексуалноста. Преку реализирање на соодветна
обука за сензибилизирање на здравствените работници би довело до намалување на предрасудите и
негативните ставови кон мажите кои имаат секс со мажи.
На крајот, важно е дека со услугите за превенција од ХИВ, вклучувајќи ги редовните ХИВ тестирања,
пристапот до кондоми и лубриканти, третманот на сексуално преносливи инфекции и ПрЕП (пилула што се
зема секојдневно за да се спречи ХИВ инфекцијата) треба да се стигне до ХИВ-негативни мажи кои имаат
секс со мажи. Исто така, од клучно значење е за оние кои се веќе ХИВ позитивни да имаат пристап до
антиретровирусна терапија со цел да го намалат ширењето на ХИВ вирусот.
9