S-Work No.73 73 | Page 8

Реалноста во Јужна Африка Околу 7,1 милиони луѓе во Јужна Африка живеат со ХИВ. Тоа е околу 12,6% од општата популација. Кај МСМ популацијата, оваа бројка изнесува 34,6%. Обезбедувањето на здравствени услуги за оваа група претставува предизвик поради разновидноста на истата. Многу мажи кои имаат секс со мажи не се идентификуваат себе си како геј. Тие можат да се идентификуваат како бисексуалци или хетеросексуалци, или пак да сметаат дека не припаѓаат во ниедна од овие подгрупи. При тоа, се отежнува можноста да се пронајдат начини како да се допре до оваа популација. Нивните сексуални практики исто така варираат, што пак може да го зголеми ризикот од пренос на ХИВ. На пример, некои мажи имаат анален секс без кондом, што претставува ризично однесување. Но, не сите мажи кои имаат секс со мажи практикуваат анален секс. Оттука, произлегува потребата да се разберат и задоволат потребите од сексуално здравствени услуги кај широк спектар мажи кои имаат секс со мажи. Предизвикот е во тоа што МСМ популацијата обично имаа пристап до редовни здравствени услуги, меѓутоа сметаат дека не се прифатени и се доживуваат дискриминација. Често чувствуваат дека не можат да им ја објаснат својата сексуална историја на здравствените работници. Во Јоханесбург и Кејптаун постојат три клиники Health4Men од невладини организации кои обезбедуваат сеопфатни сексуални здравствени услуги за МСМ, вклучувајќи и спречување и лекување на ХИВ и други СПИ. Меѓутоа, потребно е истите услуги да бидат опфатени и во државните здравствени установи, со цел да се решат проблемите со кои се соочува оваа маргинализирана група. Пополнување на празнините Од геј и бисексуалните мажи, кои биле тестирани за ХИВ на здравствените клиники околу 40% испаднале ХИВ позитивни. Процентот на позитивни ХИВ случаи кај хетеросексуалните мажи изнесувал 14%. 8