Обезбедувањето здравствена заштита кај
МСМ популацијата можеби претставува
сложен процес, но сепак е возможна
Истражувањата покажаа дека со решавање на проблемите со ХИВ кај одредени клучни популации претставува
приоритет со цел да се стави крај на епидемијата кај општата популација.
Клучни популации се групи идентификувани од страна на Светската здравствена организација, кои бараат
посебно внимание во здравствените програми, бидејќи тие се соочуваат со особено висок ризик од пренос на
ХИВ и други сексуално преносливи инфекции. Овие популации се маргинализирани и немаат добар пристап
до здравствените услуги.
Една од овие маргинализирани групи се мажите кои имаат секс со мажи, т.е МСМ популацијата. Од клучно
значење е да им се обезбеди лесен и адекватен пристап до услуги за ХИВ превенција и соодветни третмани за
ХИВ.
Но, во многу делови од Супсахарска Африка, вклучувајќи ја и Јужна Африка, мажите кои имаат секс со мажи се
соочуваат со стигма и предрасуди кога користат здравствени услуги. Ова често го ограничува нивниот пристап
до здравствената заштита.
Според истражувањето „Искористување на здравствени услуги во 2 здравствени установи наменети за мажи
кои имаат секс со мажи во Јужна Африка: ретроспективна анализа на оперативните податоци“ се покажа дека
е можно да се обезбеди квалитетна здравствена нега и заштита во јавниот сектор за мажите кои имаат секс со
мажи.
Преку здравствените услуги специјално дизајнирани и обезбедени во дел од државните здравствени установи
во Јужна Африка, на МСМ популацијата им се овозможува пристап до антиретровирусни терапии.
7