S-Work No.73 73 | Page 10

Сексуална работничка верува дека нејзината работа ја прави подобра мајка Сексуална работничка која работи во клубови како стриптизерка и како видео кам девојка, верува дека токму сексуалната работа ја прави подобра мајка. Ел Стангер, од Портланд, Орегон, е стриптизерка, писателка и мајка на петгодишна ќерка. Стангер има 31 година и себе си се смета за „нелиценциран терапевт" – таа вели дека нејзината работа ја прави добар и грижлив родител. „Природата на мојата работа е разновидна. Работам во стриптиз клуб три дена во неделата, останатите денови работам на онлајн веб-камера, и пишувам за еротиката ". „Чувствувам дека сексуалната работа ме прави подобра мајка, бидејќи имам развиено големо чувство на емпатија. Тоа значи дека сум одговорна за создавање на подобри нешта околу мене. На тој начин ќе направам и мојата ќерка да се чувствува многу посигурна во овој светот". Оваа сексуална работничка се гордее со својата кариера и вели дека ги игнорира сите околу неа кои ја осудуваат, особено родителите на соучениците на нејзината ќерка. „Уште од 3 годишна возраст и раскажувам на мојата ќерка, дека мама танцува, разговара со луѓе и кажува шеги за пари", вели Ел. „Мислам дека луѓето не веруваат дека можам да го израснам своето дете во безбедна средина, бидејќи тие ги проектираат сопствените стравови врз мене. Кога треба да бидам со неа, јас сум мајка, кога работам, тоа го правам за возрасниот свет, неа воопшто не ја инволвирам во тоа - едноставно тие две работи не се преклопуваат". Ел работи како стриптиз девојка во барот Lucky Devil во Портланд, и вели дека стриптизот претставува една форма на терапија за многу нејзини клиенти. „Со оваа работа сфатив дека можам да научам повеќе за луѓето отколку што имам научено досега за психологијата. Знам дека со мојата работа им помагам на луѓето, го знам тоа затоа што тие тоа ми го кажуваат". „Има многу причини зошто луѓето ги користат сексуалните услуги; тоа не е само поради тоа што сакаат некоја возбуда, туку затоа што сакаат да бидат слушнати, да бидат видени и признаени." Растејќи, Ел сонувала да стане полицаец и да добие диплома по криминологија, но „престанала да верува во системот на кривичната правда кога дознала повеќе за светот“. 10