S-Work No.73 73 | Seite 11

Таа се свртела кон сексуалната работа затоа што „почувствувала дека тоа е подобар метод за интеракција со луѓето околу неа". Покрај играњето стриптиз, Ел е писател, и има сопствена веб-страница - Stripper Writer, каде што може да се прочитаат сите нејзини колумни. Оваа мајка се вклучува во организирање на Маршот на сексуалните работници кој се одржува секоја година во Портланд, со цел да го крене гласот на оваа маргинализирана група против сексуалното насилството и да ја зголеми свесноста кај народот за правата на сексуалните работници. „Навистина сум задоволна што се нарекувам себе си феминистка и активистка, бидејќи ја ценам и ја почитувам сечија сексуалност во иста мера колку и што ја почитувам сопствената. Го почитувам сечиј идентитет или намера. Овој марш е организиран од тројца сексуални работници, меѓу кои и јас. Идеата позади овој настан е да се покаже дека никој не заслужува да биде малтретиран и навредуван за тоа што го работи". Нејзиниот партнер, Брајан и ја дава целата поддршка во тоа што таа го работи и прави. Со Брајан се запознале пред две години. Тој бил нејзин редовен клиент во стриптиз клубот каде што работи. „Со Брајан флертував секој пат кога ќе ме посетеше во клубот. Претходно со ниеден клиент не сум го правела тоа, но тој беше посебен. Навистина ми се допаѓаше и цело време го канев на состанок, за да на крајот сепак да прифати". Според Брајан, Ел е прекрасна мајка која се би направила за својата ќерка. Здравјето и сигурноста на нејзиното дете е приоритет број еден во нејзиниот живот. Токму грижата за сопствената ќерка е тоа што го привлекло Брајан кај неа. „Навистина мислам дека таа придонесува многу за општеството и прави добро за овој свет. На некој начин таа ги лекува луѓето. Тоа го знам од сопственото искуство, кога одев во барот каде што играше, секој пат кога ја гледав се чувствува многу подобро". И покрај стигмата и притисоците со кои Ел секојдневно се соочува, таа сепак успеала да израсне паметно и среќно дете. „Себе си се сметам за терапевт, јас сум мајка не само на моето дете, туку и на моите клиенти. Сакам да се грижам за нив. Ако тие се среќни и задоволни, на таков начин ќе ме третираат и мене“. 11