S-Work No.73 73 | Seite 4

Таа додаде: „Со овој закон само ќе ги тргнете сексуалните работници од Интернет, но нема да направите сексуалната работа да исчезне. Тие повторно ќе почнат да работат тајно на скриени места, а со тоа стануваат поранливи, и што е најиронично, поголема е веројатноста истите да бидат принудувани и тргувани". Сексуалните работници во Велика Британија се мобилизирале во протест, откако го виделе влијанието на FOSTA/SESTA во САД, додавајќи: „Не сакаме тоа да се случи тука и ќе се бориме за тоа". Стејси, исто така, смета дека сексуалните работници постојано се натпреваруваат со политичарите во однос на јавните пораки. „Едно е јасно, сексуалната работа не е трговија со луѓе, а трговијата со луѓе не е сексуална работа", вели таа. Ники Адамс од Англискиот колектив на сексуални работници исто така се огласи во однос на оваа дебата: "Ако се забрани онлајн рекламирањето за сексуалните работници, тоа ќе биде апсолутна катастрофа". „Тоа би значело дека повеќе нема да можеме да се рекламираме и да работиме на безбедно", рече таа, „а некои од нас дефинитивно ќе бидат принудени да излезат на улица каде што е поопасно". Една од учесниците на протесите, која себеси се смета за привилегирана сексуална работничка изјавила: „Тоа ќе биде апсолутен кошмар, доколку онлајн рекламирањето стане забрането. Иако јас веќе не ги користам онлајн платформите, сепак луѓето околу мене, моите пријатели и сакани, претежно целосно се потпираат на тие платформи за да се рекламираат и да заработуваат за живот". „Повеќето од нив се самохрани мајки", додаде таа, „тоа е главната порака што ја добиваме денес, тие се мајки, квир, транс... , онлајн платформите им се единствени извори за работа, за заработувачка - ако не можат да заработат за да ги нахранат своите деца или да си ја платат киријата, тоа ќе биде катастрофално за нив". Сепак, пратениците сеуште се залагаат за измени на законот. Тие имаат и поддршка од други партии, како и Северна Ирска која го воведе законот за криминализција на клиентите кои купуваат секс уште во 2015 година, и која смета дека девојките и жените во Велика Британија го заслужуваат истото. Повеќето пратенци сметаат дека нема никакви докази со кои забраната за онлајн рекламирање би им наштетила на сексуалните работници. „Мораме да ги земеме во предвид најранливите жени и жртви на трговија со луѓе", вели Сара Шампион. Таа тврди дека досега има зборувано со „буквално стотици" сегашни и поранешни сексуални работници. „Целосно го почитувам нивното право да протестираат и ги разберам проблемите со кои се соочуваат", вели таа. „Сепак, нашиот фокус мора да биде на најранливите и експлоатираните". 4