„Се чувствуваме потполно избришани од предлозите што ги дава Сара Шампион", изјави Моли Герлах-Артур
од групата за застапување на сексуалните работници - SWARM. „Тие прават се спротивно од сето она што го
кажуваме толку многу години“.
“Сметаме дека доколку Сара Шампион разговараше само со еден сексуален работник, или слушнеше барем
една од организациите предводени од сексуални работници во Велика Британија, би знаела дека со
забраната на нашите онлајн платформи за рекламирање само ќе ги турне сексуалните работници под земја,
при тоа спречувајќи ја можноста на сексуалните работници да ги проверуваат своите клиенти. Тоа ќе доведе
до се поголем број на убиства и насилства. Навистина не разбирам зошто не не слушаат за ова".
Во април, оваа година, претседателот Трамп потпиша предлог закон, со цел зајакнување на Законот за
спречување на сексуалните жртви на трговијата со луѓе или SESTA и Законот за борба против онлајн
сексуалната експлотација, познат како FOSTA, со кој на службениците за спроведување на законот им беа
дадени нови овластувања да бараат интернет платформи кои ги користат трговците со луѓе , вклучувајќи ги
и оние платформи преку кои сексуалните работници ги нудат своите сексуални услуги. Сексуалните
работници велат дека овој предлог закон имал катастрофални последици за нив.
Стејси Клер, претставник на колективот за стриптизери/ки од Источен Лондон изјави за BuzzFeed News дека
„ние во суштина не се согласуваме со повиците за забрана на онлајн рекламирањето, бидејќи тоа нема да
доведе до зголемување на безбедноста за жртвите на трговијата со луѓе".
3