S-Work No.73 73 | Page 2

Британски пратеници притискаат со цел се повеќе да се казнуваат клиентите кои купуваат секс, додека никој не слуша што всушност сакаат сексуалните работници Британски пратеници притискаат со цел се повеќе да се казнуваат клиентите кои купуваат секс, додека никој не слуша што всушност сакаат сексуалните работници Група пратеници ја притискаат Британската влада да стори што е можно повеќе со цел да ја искорени сексуалната експлоатација, а при тоа сметаат дека сите онлајн реклами преку кои сексуалните работници ги нудат своите услуги треба да бидат забранети. Сепак, сексуалните работници велат дека тоа ќе го загрози нивниот живот и нивната сигурност доколку се игнорираат нивните гласови во дебатата. Во дебатата која неодамна се случи во Вестминстерската палата и која ја покрена пратеничката Ротерхам Сара Шампион, се дебатираше за справување со комерцијалната сексуална експлоатација. Повеќето пратеници изјавиле дека е потребно да се направи уште повеќе за да се стави крај на експлоатацијата и изразија поддршка за голем број предлози, вклучувајќи го и оној за криминализација на мажите кои купуваат секс, како и забраната за онлајн рекламирање за сексуална работа. Дебатата во Вестминстерската палата не била насочена кон промена на законодавството, туку само им давала можност на пратениците да дебатираат за прашања поврзани со сексуалната работа и да добијат одговори од владин министер. Во моментов, владата нема планови за промена на законот за сексуална работа, додека пак Министерот за труд и социјална политика неодамна изјави дека потребно е модел кој ќе „ја помести вината и одговорноста врз оние кои ја промовираат сексуалната индустрија, а не оние кои работат во неа" и дека тоа е „насока во која треба да размислиме". „Јасно е дека ова не може да продолжи вака", рече Гавин Шукер, претседател на АПГП за проституција. „Законите против комерцијалната сексуална експлоатација не успеваат, не успеваат да ги спречат макроата и оние што профитираат од продажбата на сексот." Тој додаде дека „станува сé повеќе фрустриран" поради недостатокот на акција од политичките партии за решавање на ова прашање. Шукер исто така смета дека купување на секс претставува форма на насилство врз жените и девојките и бара забрана за купување на сексуални услуги, велејќи дека улогата на пратениците е „да се стави крај на комерцијалната сексуална експлоатација, а не да се управува со неа". Тој беше поддржан од Шампион, која рече дека „речиси секогаш се чини дека има некаква контрола" во продажбата на сексот и дека забраната за онлајн рекламирање ќе помогне во справувањето со трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација. Сексуалните работници и нивните поддржувачи организираа протест пред Вестминстерската палата за време на дебатата, велејќи дека пратениците не успеале да ги разберат проблемите со кои тие се соочуваат. 2