Сексуалните работници се задоволни од
своите работни места и не се гледаат
себеси како жртви, открива едно
национално истражување
Сексуалните работници се задоволни од своите работни места и не се гледаат себеси како жртви, открива
едно национално истражување
Повеќето сексуални работници во Канада се чувствуваат удобно работејќи ја сексуалната работа, се вели во
националното истражување спроведено меѓу сексуалните работници, нивните партнери, клиенти и
менаџери.
Истражувачката студија, финансирана од Канадските институти за истражување на здравјето, врз основа на
стотици интервјуа спроведени во шест градови, покажа дека 70% од сексуалните работници се задоволни од
своите работни места. Осумдесет и два проценти сметаат дека се соодветно платени и 68% од нив се
чувствуваат безбедно на работа.
„Тие не се гледаат себеси како жртви, како што се прикажани во законската регулатива за криминализација
на проституција", вели водечкиот истражувач Сесилија Беноит. „Тие всушност се многу слични на мене, на
вас. Тие едноставно немаат предности во некои случаи.“
Законот за криминализација на сексуалната работа има за цел да ја укине сексуалната индустрија,
претставувајќи ги сексуалните работници како жртви на сексуална експлотација. Овој закон неодамна е
донесен од страна на конзервативниот Врховен суд во Канада.
Истражувачите од Канада сметаат дека гонењето на мажите кои купуваат секс - познато како Шведски модел
- всушност, го направија животот полош за сексуалните работници, туркајќи ја сексуалната работа во сенка,
правејќи да им биде потешко на сексуалните работници да преговараат за цени и употреба на кондоми, а со
тоа и помалку да пристапуваат до здравствените услуги.
Резултатите презентирани од тековната истражувачка студија покажале дека не е така како што повеќето
мислат за сексуалните работници.
„Тие разговараа со нас за тоа колкава контрола имаат врз нивната работна ситуација", рече истражувачот
Микаел Јансон. „Тие имаат многу поголема контрола врз времето и темпото на нивната работа отколку
било кој друг".
Сексуалните работници објавија порсечен годишен приход од 39.500 долари.
„Тие велат дека работата им дава независност, со оглед на нивната животна ситуација, и секако добро
заработуваат", вели Беноит.
Осумдесет и еден процент од сексуалните работници и 83% од анкетираните клиенти се согласија дека
давателите на услуги се тие кои ги утврдуваат условите.
5