S-Work. No.72 72 | Page 9

Таа не се обиде да го скрие тоа од мене: „Сакам да пијам пиво, не сакам жестоки пијалоци, добро освен вотка со мраз". Беше навистина искрена. Во свет каде што сите трошат многу време за уредување и обликување на нашите животи според очите и задоволствата на другите, Мили се чини дека воопшто не се опседнува со тоа како гледаат другите на неа. Таа само го живее животот на начин кој единствено има смисла за неа. Кога ме повика докторот, речиси ми беше жал што го прекинувам разговорот со моја та нова пријателка. Пред да станам и се заблагодарив на Мили за тоа што одвои време да разговара со мене и што ми даде зелено светло да ја споделам нејзината приказна. „Нема на што, и тебе ти благодарам", рече Мили. Откако заврши нашата случајна средба, сфатив дека се запознав со една сосема уникатна, извонредна личност, иако различна од повеќето луѓе што ги познавам во мојот живот кои пак се прават дека се поважни од сите други. Мили е зрела жена со развиена свесност за своето тело, идентитет и постоење. Од друга страна, сето она што навистина се случило во таа чекална беше дека две човечки суштества, со различно потекло и животни приказни, делат некое време заедно. *Мили не е нејзиното вистинско име. 9