S-Work. No.72 72 | Page 8

Здраво, јас сум Мили и јас сум транссексуалец Не беше воопшто тешко да се забележи дека нешто е малку поразлично кај неа. Нејзиното здолниште, длабокото деколте, розовата блуза, потпетиците и тиркизната торба. „Здраво, јас сум Мили. Јас сум транс жена. Вие во колку саат имате закажано?" Нејзиниот глас беше длабок, а стисокот силен кога се ракувавме додека двете чекавме во ходникот да се појави гинекологот. На мое големо задоволство, докторот доцнеше, а Мили сакаше да зборува. „Мило ми е што те запознав", и одговорив. Мили беше навистина исклучителна, не и требаше многу време да се отвори и да почне да зборува за нејзиниот живот во последните години. Кој вели дека „животот е здодевен", очигледно не поминал доволно време во чекалниците на болниците во Израел. Под необичните, флуоресцентни светла во преполната, медицинска чекалница, Мили започна да зборува за тоа како дошла во Израел. Во тие 20 минути чекање дознав како Мили мигрирала во Израел, за нејзината служба во американската морнарица, нејзиниот алкохолизам и дисфункцијата на нејзините родители и како станала еманципирана возрасна жена. Слушнав и неколку приказни за животот на улиците на Западен Лос Анџелес и за нејзиниот најдобар пријател и заштитник од детството, спасеното куче од расата Германски овчар. Научив малку и за нејзиниот сегашен процес на транзиција од маж во жена и за чекорите што ги презема за да се чувствува убаво во нејзиното тело и во нејзиниот живот ... ласерски третмани, третмани со прогестерон, хируршки зафати, правни совети и терапии. Не беше само нејзината родова ориентација или изглед што ме фасцинираше, најдлабокиот впечаток што Мили ми го остави беше всушност нејзината целосна транспарентност. Нејзината чесност и искреност ја правеа голем човек. Кога ја прашав како изгледа еден нејзин типичен ден, ме погледна директно во очи и рече: „Многу спијам и многу пијам". Потоа за прв пат зема пауза од раскажувањето, држејќи го мојот поглед цело време. Забележав дека нејзината кожа е жолтеникава, очите крвави, телото и трепереше; знаци кои откриваат дека е љубителка на алкохолот. 8