S-Work. No.72 72 | Page 7

земал децата. Ова беше долг и макотрпен процес за нас и нашите правници кои работеа на случајот да ги вратат децата повторно кај мајката. Иако, имавме среќа во овој случај, сепак тоа многу ретко се случува кога станува збор за сексуален работник", вели таа. „Многу е болно и тешко за сексуалните работници кога ги губат своите деца, за кои работат со цел да ги прехранат и заштитат. Тие се соочуваат со траума на секое ниво на системот". Според Дламини, криминализацијата на сексуалната работа создава раздор меѓу нив и нивните деца, како и нивните семејства. Поради нивниот недостаток на правна заштита и стигмата поврзана со нивната работа, тие честопати кријат што работат од своите најблиски. „Со декриминализацијата на сексуалната работа ќе се врати достоинството на сексуалните работници и достоинството на нивните деца. Доколку се декриминализира сексуалната работа, ние ќе можеме да ги оствариме нашите човекови права, да бидеме признаени од законите за работни односи и слободно да пристапуваме до здравствените услуги", објаснува Дламини. Таа вели дека криминализацијата ги „замолчува“ сексуалните работници. Истите не можат јавно да зборуваат кога се изложени на ризик од ХИВ, или пак на силувања и насилство. „Во Јужна Африка, Уставот вели дека секој има право да ја избере својата професија, секој има право на безбедност и сигурност, и да носи одлуки без дискриминација - но каде се сите овие права за сексуалните работници? Ништо од тоа". Таа вели дека декриминализацијата нема да реши сè. Нема да ја реши сиромаштијата и невработеноста, но „ќе спаси животи“, сеќавајќи се на многубројните сексуални работници кои до сега биле убиени, додека убијците сеуште слободно шетаат во нашата земја". „Ако ги отфрлиме старите закони и донесеме нови кои ќе се залагаат за човековите права на сите подеднакво, ќе имаме здрави и безбедни сексуални работници, здрави и безбедни мајки", вели таа. Дламини се надева дека наградата што ја добила ќе ја поттикне акцијата околу нејзината кауза. 7