Оваа награда и била дадена од страна на Меѓународното здружение за СИДА (IAS), со поддршка на Фондацијата
Отворено општество и Форд фондацијата, за меѓународно признавање на извонредната работа на активистите за
родова правда и здравствена еднаквост.
Оваа награда ја препознава големата и важна работа на Дламини во форма на проект што го таа го напишала во
2013 година, наречен „Мајки за иднината“.
„Преку мојата работа со сексуалните работници, открив дека тие се мајки како и сите други и ги сакаат своите
деца повеќе од било што. Чувствував дека треба да дадам поддршка за нешто што повеќето луѓе не го разбираат,
а тоа е дека сексуалните работници не се погодени само од нивната работа или ХИВ, туку има и многу други
прашања со кои се соочуваат".
Покрај опасностите со кои сексуалните работници се соочуваат секојдневно, малтретирање, апсење, силување,
убивање, таа вели дека тие се соочуваат и со огромен број други предизвици поврзани со стигмата и
дискриминацијата што пак им го отежнува животот, оневезможувајќи да бидат мајки какви што сакаат да бидат.
Таа вели дека дадилките најмени од сексуалните работници често наплаќаат повисоки суми пари за да ги чуваат
нивните деца и често ги уценуваат со закани дека ќе повикаат социјални работници да им ги одземат децата.
„Една од сексуалните работници со кои работиме не можеше да се врати дома следното утро, како што беше
договорено со дадилката, бидејќи беше уапсена од полицијата. Таа повикала социјален работник кој веднаш ги
6