S-Work. No.72 72 | Page 5

Сексуална работничка и активистка продолжува со борбата за декриминализација на сексуалната работа Иако Дламини не е лекар, таа сепак го менува здравствениот статус и животот на многу жени и деца во својата земјата. Дуду Дламини (40) е активист за права на сексуалните работници, која започнала да лобира за правата на жените уште од својата најрана возраст: „Тогаш сеуште не разбирав што навистина значи да се биде феминистка, но отсекогаш знаев дека не сакам да бидам водена од мажите," вели таа . „Јас бев на чело во моето семејство, иако моите браќа беа постари од мене, тие го почитуваа моето мислење," вели таа. Иако како дете не ги познавала термините патријархат или човекови права, таа веќе се борела за социјална правда во одлуките што се носеле во нејзиниот дом. Дуду е една од петте деца, израснати од самохрана мајка. Таа израснала во неформално населено место во близина на Дурбан. Поради недостаток на финансии, Дуду не можела да го заврши своето средно образование. „Имав големи соништа за подобра иднина и знам дека мајка ми како и сите други мајки сонуваше да станам лекар, но поради нашите многу тешки околности тоа никогаш не се случи," вели Дуду. Таа вели дека „борбата против сиромаштијата" со желбата да обезбеди подобра иднина за своето семејство – (Дуду е мајка на четири деца) – ја поттикнало да се пресели во Западен Кејп во потрага по подобри можности. „ Т оа е местото каде што навистина имав ограничени опции за работа: ја одбрав сексуалната работа," вели таа. Во 2008, откако преживела брутално искуство со сексуално насилство, Дуду се сретнала со Секторот за образование и застапување на сексуални работници (SWEAT), група која ги поддржува сексуалните работници и лобира за целосна декриминализација на сексуалната работа, и каде што на сексуалните работници им се олеснува пристапот за добивање на правни услуги. „Се вклучив во оваа работа, без да знам дека ќе добијам можност да им покажам и докажам на другите која сум јас во вистинско светло и колку животот што го живеам е реалност," вели таа. Во текот на нејзината работна ангажираност во SWEAT, Дламини се залагала за правата на сексуалните работници и ги поддржувала низ многуте предизвици со кои се соочуваат во нивната работа. Како резултат на нејзините напори, таа била назначена за национален организатор и мобилизатор за Сисонке - Сојуз за сексуални работници во својата земја. Таа исто така била активно вклучена во голем број други активистички движења кои работат со организации од самата заедница до лобирање за правата на сексуалните работници кај креаторите на политики. Дламини се бори не само за права на сексуални работници, туку и за правата на сите жени и деца во Јужна Африка. На 25 јули, Дламини станува првата личност што ја добива наградата „Пруденс Мабеле", награда во чест на Мабеле, првата црна жена која јавно го открива својот ХИВ статус во Јужна Африка. Дламини добила и донација од 25.000 долари на Меѓународната конференција за СИДА која секоја година се одржува во Амстердам. 5