S-Work. No.72 72 | Page 4

Ова не бил прв напад врз Атеш. Нејзините пријатели тврдат дека била нападната уште еднаш само неколку дена пред нејзиното убиство, исто така, пред нејзината зграда. Убиството на Атеш, исто така предизвика остри реакции од страна на активистите за правата на трансродовите лица, споделувајќи ја веста на своите социјални профили со барања да се прекине насилтвото врз трансродовите лица. „На 16-ти август, Ванеса Кампос, мигрантка, транс жена и сексуална работничка беше убиена во Париз, Франција. Вчера во Истанбул, Турција беше убиена трансродовата жена Езра Атеш (40), откако беше брутално нападната. Испраќаме сочуство до нивните најблиски, роднини и заедници. Бараме да запрат злосторствата од омраза извршени врз нашите транс сестри. Во последно време во целиот свет, насилството врз транс луѓето рапидно се зголемува. Треба да се чуваме меѓусебно за да бидеме безбедни, бидејќи сите сме заедно во ова“, се вели во една од објавите на Твитер. 4