S-Work. No.72 72 | Page 3

„Убиствата на транссексуалните работници воопшто не се ретки", се вели во соопштението на демонстрантите за сексуалните работници. „Ова е повторлив феномен и ја предупредуваме јавноста и власта во врска со ова насилство. За жал, како и секогаш, се чувствуваме осамени". Организаторите на маршот, исто така, побараа укинување на законот од 2016 година со кој се забранува купување на сексуални услуги во Франција. ЛГБТ организациите и сексуалните работници тврдат дека законот ги принудува сексуалните работници да работат во повеќе изолирани области со цел да се избегне полицијата, со што тие стануваат се повеќе ранливи и изложени се на насилство и напади. Една недела подоцна, на 25-ти август, пред својот апартман во Истанбул брутално била убиена Езра Атеш, трансродова жена и сексуална работничка. Атеш живеела во областа Бејоглу во Истанбул. Официјални извори велат дека претходната вечер таа се расправала со лице пред влезот од нејзината зграда. Очевидци велат дека како резултат на кавгата, непознат човек ја прободел и и го пресекол грлото. Според Евренсел, Атеш била сексуална работничка, а лицето со кое таа се расправала бил еден од нејзините клиенти. Официјалните лица за спроведување на законот и истражителите на местото на настанот во моментов го сослушуваат осомничениот и ги разгледуваат сите доказите. Форензичката мртовечница веќе го отстрани телото на Атеш. Благодарение на снимките од безбедносните камери, полицијата успеала да го најде убиецот. Во моментот на апсење, убиецот се уште го имал мобилниот телефон на Атеш кај себе. 3