Убиствата и бруталните
насилства стануваат дел од
секојдневието на транс
заедницата
Минатиот месец, две трансродови жени беа брутално убиени од група мажи. Овие два случаи се само дел од
низата убиства и брутални насилства со кои транс заедницата секојдневно се соочува насекаде во светот.
На 16-ти август во еден од јавните пракови на Париз била убиена Ванеса Кампос, трансродова сексуална
работничка.
Кампос (36) била со клиент во Боа де Булоњ, парк лоциран на западната страна на француската
престолнина, кога била застрелана додека го бранела нејзиниот клиент од група мажи кои сакале да го
ограбат. Оваа информација е пренесена од францускиот весник Ле Парисиен.
Еден француски судски извор потврди за ABC News дека минатата недела осум лица биле уапсени како дел
од истрагата, а петмина се обвинети за убиство и грабеж. Сите се во полициски притвор.
Францускиот министер за родова рамноправност Марлен Шкиапа излезе со соопштение по повод немилиот
настан и при тоа изјави: „Секоја жена треба да биде заштитена од секакво сексуално насилство. Сите
насилства треба да бидат осудени ".
Смртта на Кампос предизвика бурни реакции од страна на ЛГБТ организациите и заедницата на сексуалните
работници. Веднаш по смртта на Ванеса, стотици активисти за правата на сексуалните работници
протестираа на улиците на Париз, барајќи правда за Кампос, исто така ја критикуваа француската држава
која воопшто не води грижа за сексуалните работници.
2