S-Work. No.72 72 | Page 10

Како сексуалните работници започнуваат да ја работат сексуалната работа И покрај стравот, стигмата и дискриминацијата, голем број сексуални работници се вклучуваат во сексуалната работа, не затоа што се принудени, туку затоа што токму тоа сакаат тоа да го работат. Исповедите кои следуваат се само дел од генералниот пресек на животот на сексуалните работници и како тие започнале да ја работат сексуалната работа. Рената Вал Пред две години се доселив од Европа во Торонто, при тоа напуштајќи ги својот дечко и семејството. Бев осамена и депресивна. На почетокот живеев во неверојатно мала и темна соба во една валкана куќа заедно со четири мажи. Откако ја потрошив целата моја заштеда, знаев дека морам да најдам некоја работа. Од чиста досада, наидов на Craigslist рекламите, од кои дојдов до заклучок дека од фетишите со стопала може многу добро да се заработи. На првиот состанок закажан преку Крејглист бев навистина нервозна, но сепак се потрудив да ги средам стапалата. Не велам дека изгледаат толку лошо, но сепак палците на нозете ми се малку искривени. Тој ден имав и плускавци од носење високи потпетици. Но, сепак успеав да ги налакирам со виолетов лак надевајќи дека се ќе биде во ред. Се сретнав со Мајлс, изненадувачки убав средовечен господин. Откако го испивме кафето во блискиот ресторан, отидовме во неговиот огромен џип кој се наоѓаше во еден подземен паркинг. Се чинеше дека тоа е единственото доволно темно и пусто место за реализирање на фетиши за стопала среде бел ден. Јас чував стража додека Мајлс ми ги масираше стопалата, и ми ги лижеше прстите на нозете. Се сеќавам дека потоа го прашав дали има ерекција. Дали можеби има ранички во устата за кои треба да бидам загрижена? Откако се сè заврши, ме одведе назад во ресторанот и ми плати 60 долари. Не се видовме повеќе. Сега веќе ми е полесно кога се сретнувам со типови чии фетиши им се стопалата за разлика од првиот пат. Памела Ајли Моја пријателка има спа центар во кој моментално работам. Мојата претходна работа ми беше напорна и досадна, и затоа ме примами можноста да заработам повеќе пари за пократко време. Ми требаше многу време да се одлучам, сепак на крајот сфатив дека нема да знам како е се додека не се обидам. Разговарав со мојата пријателка и ја прашував за се што ме интересираше и загрижуваше. Откако го завршивме разговорот, ме праша дали сум заинтересирана и дали би сакала да почнам со работа следната недела. Бев страшно нервозна првиот ден. Незнаев каква ќе биде обуката, за да на крајот се испостави дека пракса и воопшто нема. За половинаа час ми објасни како функционира оваа работа, ми пушти снимки од масажи и веднаш 10