S-Work. No.72 72 | Page 11

потоа го имав првиот клиент. Беше типичен клиент, бизнисмен кој навратил на 45 минутна еротска масажа за време на неговата пауза од работа. Воопшто не ми беше срам да се соблечам пред непознати, го правев тоа многу пати работејќи како модел. Кога станува збор за сексот, ја сум целосно опуштена, па и затоа многу бргу се вклопив во работата и почнав да уживам во сето тоа што го правев. Набрзо сфатив дека можам да ја работам оваа работа, особено откако ги добив тие 110 долари за сеанса од 45 минути. После првиот ден самодовербата ми се зголеми, бев задоволна од своите сексуални вештини. Андреа Верхун Кога прв пат влегов во стриптиз клуб, имав многу предрасуди. Очекував дека девојките таму се празноглави и бездушни и дека се приморани да се соблекуваат голи пред непознати. Но, сепак ме изненади тоа што наидов токму на спротивното. Девојките беа насмеани, силни, грациозни, чудесни. Почувствував силна желба да им се придружам. Започнав дури и да вежбам и да играм, носејќи високи потпетици. Навистина посакував да настапам пред публика, но сепак со текот на времето сфатив дека ескорт придружбата е подобра работа за мене. Слушнав дека таа работата е подискретна и побезбедна отколку стриптизета, и дека е подобро платена. Во тоа време студирав и живеев сама и навистина ми изгледаше примамливо да заработам за кирија за само неколку часа. Откако се одлучив, не беше воопшто тешко да пронајдам работа. Избрав агенција преку една веб страна и им ги понудив своите услуги. Отидов на интервју, на кое немаше многу прашања. Ми објаснија како се работи и многу брзо ми ја понудија работата. Јас имав цел список со прашања за безбедносни мерки, за користење на кондоми, за сексуално преносливите инфекции. Сепак некако ми ги смирија стравовите и ми понудија да си изберам име. Го одбрав Мериен. Првата вечер ме одведоа до еден мотел на периферија од Торонто. Бев преплашена. Мојот шеф ме убедуваше дека клиентот е многу повеќе уплашен од мене, но сепак не му верував. Вратата од собата ми ја отвори еден низок и слаб маж. На ТВ одеше порно филм без тон, а собата беше преполна со дим од цигари. Ја соблеков јакната, ги земав парите оставени на масата, малку поразговаравме и веднаш потоа преминавме на креветот. „Аха“, си помислив, „значи треба само да се задоволиме меѓусебно“. Откако се се заврши, ми рече дека треба да се симне долу во барот и да се види со некој, а јас откако ќе бидам подготвена да ја затворам вратата од собата. Откако останав сама во собата, почнав да се смеам и да играм, и гледајќи го своето голо тело пред огледалото си реков „Лесна заработувачка“. Две години потоа се занимавав со сексуалната работа и тоа совршено ми одговараше. Сакам да разговарам, сакам да запознавам нови луѓе, да ги гледам голи, да им го набљудувам лицето кога се највозбудени, да ги гледам кога се најранливи. *Имињата се променети со цел да се заштити идентитетот на сексуалните работници. 11