Откако успеав да средам со престојот таму, Белгија
започна да ми дава социјална помош додека не го
научам целосно јазикот и потоа откако ќе завршам
со тоа, државата ќе ми бара и работа. Јас можам да
одберам што сакам, бидејќи нема да бидам
дискриминирана, затоа што таму сите имаат
еднакви права. Но, јас се уште работам таму како
сексуален работник, затоа што така најубаво се
чувствувам. Сексуалната работа мене ме
исполнува.
Дали планираш некогаш да се вратиш во
Македонија?
Искрено не планирам повеќе да се вратам да
живеам во Македонија затоа што за нас,
трансродовите лица, таа воопшто не е безбедна
земја. Би дошла само на одмор, два дена, три, да го
видам моето семејство. Тие сега веќе знаат што работам
и се гордеат со мене.
6