S-Work No.71 71 | Page 5

на оваа држава заслужува да има еднакви права.
Откако го најдоа напаѓачот преку регистрацијата на колата, го повикаа во полициска станица, но излезе дека тој бил другар на еден од полицајците. После тоа почнаа грубо да се однесуваат со мене. Ми се закануваа и ме натераа да напишам лажна изјава. Јас бев приморана да напишам тоа што ми кажуваа, бидејќи ми се закануваа дека ќе ми го викнат моето семејство, или дека ќе го свртат целиот случај против мене. Откако ја потпишав изјавата, побарав на Интернет и ја најдов адресата на Народниот правобранител и ги исконтактирав во врска со овој немил настан. Потоа, почнаа со процедури, се покрена постапка, но сепак не се заврши како што сакав, и како што секој граѓанин
Што правиш сега во моментов, дали се уште ја работиш оваа работа? Сеуште работам како сексуална работничка, но не во Македонија. Веќе една година живеам во Белгија, таму живеам со мојот дечко. Причината поради која ја напуштив мојата земја, е тоа што не се чувствував воопшто безбедно во Македонија. Постојано ме малтретираа и напаѓаа буквално од сите страни. Јас како граѓанин на Република Македонија немав заштита ниту од полиција, нити од институциите на државата.
Како отиде да работиш во Белгија? Заминав за Белгија да си ја пробам среќата. Претходно многу читав за тоа кои земји во Европа се безбедни за нас транссексуалците, и затоа одлучив да заминам токму таму. Откако стигнав, два дена спиев во хотел, потоа отидов да се пријавам како азилант. Кога се пријавуваш за азил во Белгија, првиот ден те регистрираат, ти прават здравствени прегледи и ти земаат лични податоци со цел да откријат дали претходно и во некоја друга земја си барал азил. Откако се осигураа дека ова ми е прво барање, почнаа да ми прават интервјуа. До сега имам направено две интервјуа. На едно од интервјуата им покажав и документи од претходно пријавени случаеви во суд за насилство и покренати постапки додека живеев во Македонија, од кои за едниот случај добив на суд. Според тие документи, Белгија по три недели одлучи да ми даде позитив, т. е пет години престој во нивната држава. Имав прилика да се преселам од кампот каде што претходно престојував во social house. Откако се преселив таму, почнав со процесот на интеграција, т. е почнав да ги учам законите на Белгија. Почнав да учам и јазик, затоа што таму се зборуваат два јазика, холандски и француски, но затоа што јас живеам во Антверпен, таму се зборува холандски на институционално ниво.
5