Транссексуална работничка објаснува зошто заминала од својата земја: „ Нема да има Брза помош за тебе. Не е ова Европа како што мислиш ти“.
Кога започна да работиш како транссексуален работник? Како транссексуална работничка почнав да работам на 17 годишна возраст, и претходно сум работела, но како машко. Дознав за сексуалната работа и мојот сексуален живот уште на 12 годишна возраст, потоа на 14 години бев во врска со еден дечко од албанска националност, со него бев 4 години во врска. Откако се разделивме почнав да ја работам сексуалната работа, да нудам секс и сензуални услуги како машко и како женско. Ми се свиѓа да бидам жена, но понекогаш морам да бидам и машко особено кога сум со семејството.
Дали твоето семејство знае дека си трансродово лице? Моето семејство не знаеше ништо до пред неколку години. После долго време ме открија дека се облекувам како женско и работам како сексуална работничка, и ми дадоа две опции или да бидам машко да се оженам и да имам своја фамилија и деца, или пак да се отселам и да живеам сам. Јас секако прифатив да живеам сама, не сакав да бидам затворена во моето тело. Сакам да бидам жена и да ја работам оваа работа што ја сакам за цел живот. Се преселив во Скопје, и почнав да работам сама, иако мислев дека ќе ми биде полесно, сепак ми стана пекол. Кога излегував во јавност како жена, ме малтретираа, омаловажуваа и навредуваа. Дури неколку пати сум била нападната од некои што не знаат што е транссексуалец.
Може ли да раскажеш некоја случка од твојот живот кога си била нападната или малтретирана? Пред две години, бев нападнат од непознато лице само затоа што бев облечен како жена. Тоа се случи токму пред мојата зграда. Ми рече: „ Оваа населба не е за хомосексуалци, во Македонија не смее да има хомосексуалци. Оваа земја е традиционална и не сакаме да постојат никакви транссексуалци и хомосексуалци“.
Дечкото ми удри шамар, јас успеав да избегам од него, но тој почна да ме следи со кола. Се јавив во полиција. Бидејќи полицијата не дојде, тргнав накај полициска станица Беко и таму им го раскажав случајот. Беа двајца полицајци од кои еден Албанец и еден Македонец, и додека ми земаа изјава, ми се слоши и за малку ќе паднев во несвест. Побарав од нив да ми повикаат Брза помош, но едниот од нив ми се развика и ми рече: „ Нема да има Брза помош за тебе. Не е ова Европа како што мислиш ти“.
4